Опис на програма

Програмата овозможува работно оспособување на учесникот за самостојнa работа Козметичар за нега на лице и тело, и истиот ќе може да работи  во козметички салон, или да се самовработи. Програмата е со шест месечно времетраење односно, 750 часа и опфаќа  стручно теоретски содржини кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак се изведуваат во реални услови, салон за козметика на лице и тело.  Во обуката се применуваат  активни методи на обука;предавања, дискусии во група, учење преку симулации, учење насочено кон решавање на проблеми, практична работа, обука на работно место, со примена на професионалнен алат и средства за работа. Во текот на обуката по секоја тематска целина се врши усна, писмена проверка и практична работа за постигнатоста на целите. Стручно теоретската настава ја реализираат наставници со завршено студии по медицина, специјалист дерматолог, наставник по бизнис и претприемништво со искуство. Практичната настава  ја реализираат успешни занаетчии реномирани во својот занает, мајстори со искуство во занаетот. По завршување на обуката,  учесникот полага завршен испит. Завршниот испит се полага пред комисија, со избор на задача, образложение на истата, практична работа и калкулација на цена на чинење на услугата. Учесникот кој со успех ќе го заврши завршниот испит  се добива Сертификат за стручна оспособеност за занимање  Козметичар за нега на лице и тело по верифицирана програма.[:]

Резултати од програма

[:mk]Учесникот  по успешното завршување на програмата работно ќе се оспособи за  занимањето козметичар за нега на лице и тело; планира, подготвува и организира простор, алат, инструмент, материјали, опрема и клиенти за  потребниот третман  на лицето и телото, негува лице, прави пилинг, лифтинг,  аплицира маски, депилира, епилира, маникира, обработува заноктици, применува мануелни и апартурни техники во нега на лице и тело, применува професионални препарати за нега пред и по изведениот третман, дава совети за нега во домашни услови. Применува норми на работна етика, квалитет на изведените третмани, познава права и должности  кои произлегуваат од работен однос, води административно комерцијална документација и евиденција, и познава можности  за отварање на сопствен бизнис, тимски работи и соработува.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Завршено основно образование и над 15 годишна возраст. Психофизички здрав со добри природни  стекнати и развиени способности, емоционално способен и стабилен, да има афинитет за оваа работа, да има осет за допир, да е спретен, и има чувство за естетика и уредност[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 150 20
Пракса 525 70
Оценување 75 10
Вкупен број на часови 750
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support