Опис на програма

 Програмата за козметичар за рачна нега на лице и тело се состои од 7 тематски целини, а проверката на постигнувањето на  цели ги опфаќа сите  целите од тематски целини.  Целите на програмата се насочени кон учесникот односно кандатот за да негово стекнување со  вештини  и знаења  се  реализира преку  предавања, демонстрирање на вештини и практична обука.  Целокупната обука трае 480 часа.

Главна цел на оваа програма е стекнување на вештини за самосојно обавување на рачни козметички третмани. Врз основа на оваа цел  обуката  се организира според целите дефинирани по тематските целини,   кои се ориентирана кон стекнување на практични вештини и знаења,односно целно ориентирани. Освен тематските целини програмата ги содржи формите и методите на обуката, кои обучувачите треба да ги применуваат во текот на обуката. Во таа насока обучувачот ќе користи такви методи, форми и техники кои овозможуваат постигнување на целите постапно, а ќе  се користи макрометодот проектна задача.Освен тоа програмата го содржи и нормативот за наставен кадар како и насоките за оценување на учесниците во програмата. Врз основа на проектната задача и резултатите од спроведените  тестови како и резултатите од портфолиото наставникот заклучува положил- или не положил(бројчани оценки нема). За сите изработки на учесниците се води евиденција  во нивните портфолија. Доколку кандидатот не ги постигне зацртаните цели се упатува повторно на дообука за конечно постигнување  на истите

По завршувањето на обуката следи испит за проверка на постигнатите цели од програмата која да води кон сертификат за козметичар во кој ќе бидат внесени стекнатите вештини и знаења.

Испитот по завршената обука  се состои од практична задача и стручно теоретски дел.Практичната задача се состои од изработка на практична задача.Стручно теоретскиот дел се состои од тест задачи.

За секој дел од испитот кандидатот се оценува со положил или неположил.Кандидатот добива инструкции и потребните материјали за изработка на практичната задача.Изработката на практичната задача е самостојна работа на секој кандидат без помош на мајсторот или другите членови на комисијата.Времетраењето на изготвувањето на задачите е во рамките од 90 до 180 минути во зависност од испитните задачи.Практичната задача кандидатот ја изведува пред комисија ,која ги следи и ги оценува чекорите во изготвувањето на задачите.

 

секој член од комисијата независно ги пополнува оценувачките листи.Резултатите од практичната задача и од стручно теоретскиот дел  влијаат во конечното вреднување на постигањата на кандидатите.

    Учесниците во програмата нема потреба да поседуваат претходни знаења и вештини.

Треба да имаат најмалку основно образование и да се постари од 15 години, но можат во оваа програма можат да се вклучат и кандидати со завршено средно и високо образование.

 

 

Резултати од програма

[:en] [:mk]По постигањето на целите учесникот е оспособен да:
  • комуницира со клиенти,
  • организира работа во козметички салон
  • негува млада и зрела кожа,
  • применува козметички препарати,
  • применува маникир третмани,
  • масира  дланки и стопала
  • применува лимфна дренажа,
  • декорира нокти,
  • надградува нокти
  • третира акнозна кожа,
  • третира кожа со испукани капилари
[:al] [:]

Критериуми за влез во програмата

[:en] [:mk]Вклучувањето во оваа програма е слободно. Во програмата можат да се влучат кандидати кои имаат желба професионално да се бават со ова занимање Посебни барања за влез во оваа програма нема. Кандидатите треба да имаат завршено основно средно , но и високо образование.[:al] [:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 60 12
Пракса 412 86
Оценување 8 2
Вкупен број на часови 480
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support