Опис на програма

Главната цел на програмата е кандидатите да се стекнат со знаење, вештини и компетенции потребни за занимањето Козметичар. Програмата е составена од четири тематски целини и практичен дел, кои ќе му помогнат на учесникот да стекне знаење и вештини потребни за извршување активностите поврзани со работното место Козметичар. Според наставниот план обуката трае 200 часа, односно времетраење од 10 недели, во кои се застапени теоретски предавања но во голема мера се обрнува внимание на практични вежби од областа. Програмата има за цел да обучи соодветен кадар кој ќе може да се вклучи во работата на веќе постоечки козметички салон, а не започнување на сопствен бизнис. По завршувањето на секоја тематска целина учесниците во програмата ќе бидат оценувани врз основа на нивниот напредок. По успешно завршената програма и позитивната оценка учесникот добива Сертификат за работна оспособеност за програмата Козметичар.[:]

Резултати од програма

[:mk]По завршувањето на програмата учесникот ќе биде способен да: • комуницира со соработниците и клиентите; • користи основна стручна терминологија; • води грижа за својата безбедност, како и за безбедноста на клиентите и соработниците; • чисти и дезинфицира простор, козметички прибор и апарати; • правилно употребува и одржува козметички прибор и апарати; • познава типови на кожа; • избира препарати за третмани во зависност од состојбата на кожата; • избира техники масажа на тело; • познава основни видови на патолошки промени на кожа; • познава структура и својства на кожа; • избира алат, прибор и материјали за изведување на различни третмани на кожа; • избира алат, прибор и материјали за изведување на различни техники на масажа на лице и тело; • избира алат, прибор и материјали за изведување на различни техники на маникир и педикир • врши масажи на лице и тело • врши козметички третмани на лице и тело • врши третмани на маникир и педикир.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Завршено минимум основно образование. Не е потребно да се поседуваат претходни знаења, вештини и компетенции од оваа област. Кандидатите треба да бидат постари од 15 години.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 40 20
Пракса 140 70
Оценување 20 10
Вкупен број на часови 200
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support