Опис на програма

Учење на сметководство низ практични примери и работа
Целиот курс е конципиран како една сеопфатна сметководствена пракса во која учесниците освен што ќе се здобијат со теоретски знаења од областа на сметководстсвото, практично книжат реални документи од областа за која што учат и се среќаваат речиси со сите ситуации што би можеле да ги сретнат на идното работно место како сметководител.
Исто така се запознаваат со сите Законски прописи од областа на сметководството што ќе им бидат потребни и на кои треба да внимаваат како идни сметководители.
Особено внимание се посветува на даноците: Данок на додадена вредност, Данок на добивка и Персонален данок. Се учи како и кога се пресметуваат, начин на нивно пријавување, начин и рокови на плаќање, исклучоци доколку ги има. Во текот на целиот курс, при книжење и ибработка на секој документ се нагласува на кој данок има влијание.
Курсот за компјутерско сметководство е поделен на 2 дела: Основен и Напреден.
Во првиот (Основен) дел од курсот учениците стекнуваат знаења и вештини за основи на финансиско сметководство:
– Основни сметководствени правила и принципи
– Законската регулатива за сметководствената евиденција
– Сметководствени настани и документи
– Поим за конто
– Правила за контирање
– Примена на сметковниот план
– Евиденција на сметководствените настани во деловните книги со примена на соодветна компјутерска програма при што се книжат изводи од банки, влезни фактури, излезни фактури, се изработуваат и книжат калкулации и други документи.Сметководствените настани што се предмет на евиденција се настани од работењето во трговски друштва од производна, трговска и услужна дејност.
– Содржина и изработка на сметководствени обрасци и пргледи
На крај од овој прв дел учесниците ќе се стекнат со знаења и вештини за Основи на компјутерско сметководсто.
Во вториот (Напреден) дел од курсот се изучува:
– Книжења на сложени сметководствени настани со примена на соодветен софтвер
– Пописи, пресметка и книжење на разлики по пописи, сложување на материјалното со финансово сметководство
– Амортизација – пресметка и книжење
– Пресметка на финансиски резултат добивка/загуба по сметководствен пат
– Пресметка на даноците што се плаќаат по основ на финансискиот резултат
– Содржина и изработка на основните финансиски извештаи
– Законската регулатива и постапка за подготовка и предавање на завршни сметки
– Пополнување на обрасци за завршна сметка во Централен Регистар и пополнување и начина на поднесување на Даночен Биланс во УЈП.
На крај од овој втор од курсот се учесниците ќе се стекнат со знаења и вештини од Напредно компјутерско сметководство

Резултати од програма

[:mk]По успешно завршување на програмата учесникот е оспособен да: - Изведува работи од сметководственото работење во трговски друштва од производна, тровска и услужна дејност - Организира, планира и изведува активности од областа на сметководственото работење - Користи софтвер за компјутерско сметководство и работи со документи - Евидентира сметководствени настани врз основа на соодветни влезни и излезни документи - Води деловни книги - Врши пресметковни работи - Почитува и применува пропишана законска регулатива и стандарди - Применува сметководствени принципи на евиденција - Доставува информации до интерни и екстерни корисници на информации - Изготвува годишна сметка и финансиски извештаи - Пресметува и изготвува даночни пријави согласно законската регулатива - Работи тимски - Применува прописи за безбедност и заштита при работа[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Завршено средно образование - Желба да се работи на работно место поврзано со сметководство[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 30 30
Пракса 60 60
Оценување 10 10
Вкупен број на часови 100
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support