Опис на програма

Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за примена на основните техники при кроење на горни делови на обувки од кожа и кожена постава, како и правилно користење на опремата, инвентарот и материјалите на работното место.

Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат “Кројач на горни делови на обувки од кожа”.

 

Времетраењето на програмата е 240 часа од кои 60 часа теоретска обука, 160 часа се практична обука во реални работни услови и 20 часа се наменети за оценувањето и евалуација на програмата. Теоретскиот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно во договор со учесниците а практичниот дел ќе се изведува од понеделник до петок.

 

Теоретската обука се одвива во специјализирани простории согласно норматив за простор во СОУ„Димитар Мирасчиев“ Штип (училиште за едукација на кадри од текстилно-кожарска струка), од страна на обучувач, додека практичната обука во рамките на компанија. За време на која на учесниците ќе им биде доделен ментор вработен во компанијата.

Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на теоретскиот дел преку усна и писмена проверка на постигнатите знаење. По завршувањето на практичната обука стекнатите знаења, вештини и компетенции се проверуваат со завршен испит. Со положен завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат „Кројач на горни делови на обувки од кожа“.

Резултати од програма

[:en] [:al] [:]

Критериуми за влез во програмата

[:en] [:al] [:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 60 25
Пракса 160 67
Оценување 20 8
Вкупен број на часови 240
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support