Опис на програма

Програмата го обработува користењето на програмот Microsoft Word кој е дел од програмскиот пакет за канцелариско работење Microsoft Office.

Програмата се реализира преку теоретска и практична настава при што акцентот е ставен на практичната обука. На крајот се оставени 2 часа за оценување (тестирање) на кадидатите.

Се изучуваат сите опции од програмот. Учесниците освен што ќе се здобијат со теоретски знаења од областа на програмот Microsoft Word ќе научат практично да ги користат сите опции.

Времетраење на програмата е 16 часа: 7 часа се посветени на теоретска настава, 7 часа се практична обука, а 2 часа се посветени на оценување.

 

Целокупната обука ќе се одвива во училници опремени со компјутери на кои е инсталиран програмот Microsoft Word. Ќе се работат голем број практични вежби смислени специјално за потребите на програмата.

На крајот од обуката се спроведува завршен испит – кој исто така има теоретски и практичен дел и преку него се проверува комплетно стекнатото знаење и вештина на кандидатот.

По завршувања на програмата и положениот завршен испит, учесниците се стекнуваат so уверение за завршен курс Microsoft Word.

Резултати од програма

[:mk]По успешно завршување на програмата учесникот е оспособен да: - Изготвува најразлични документи во Microsoft Word - Знае да зачувува, печати, обработува документи - Во Word документите знае да вметнува слики, табели, header, footer, формули, симболи, редни броеви на страници, .... - Знае да поставува маргини на страници, ориентација и големина на документ, работи со повеќе колони на текст - Поставува footnote, креира автоматска содржина на документ,... - Користи mailing на документи преку поврзување со Microsoft Excel - Се служи со spelling, работи со коментари,... - Дефинира поглед на документ, користи алатки за зумирање, . .. - Креира pdf документ од постоечкиот word документ[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Завршено основно образование.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 7 44
Пракса 7 44
Оценување 2 12
Вкупен број на часови 16
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support