Опис на програма

Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за примена на основните техники при работа во лозарско производство: подготовка на површини, посадочен материјал и машини за лозарско производство, правилна обработка на површини за производство на посадочен материјал и подигање на лозов насад, производство на лозов посадочен материјал, правилно садење на лозов посадочен материјал и нега на садници и лози, примена на мерките за заштита на лозата, примена на стандарди и контрола на производството, правилна евиденција на производството и правилно користење на машините, опремата и алатот на работното место.
Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука да им овозможи на учесниците да се стекнат со сертификат „Лозар“.
Времетраењето на програмата е 180 часа од кои 58 часа теоретска обука, 112 часа се практична обука во реални работни услови и 10 часа се наменети за оценувањето. Теоретскиот и практичниот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно, однапред договорено со учесниците во програмата. Теоретската обука се одвива во специјализирани простории во компанијата под менторство на овластен инженер, а практичната обука на лозови насади. За време на практичната обука на учесниците ќе им биде доделен ментор, вработен во компанијата.
Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на секоја тематска целина преку усна и писмена проверка, после целосна реализација на сите тематски целини преку проверка на знаење со цел споредба на знаењето пред и после теоретската обука. По завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се проверуваат стекнатите вештини и компетенции. По успешно завршена практична задача на крајот од обуката, учесниците се стекнуваат со сертификат за работна оспособеност „Лозар“.

Резултати од програма

[:mk]По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да: • ја планира, организира, изведува и контролира зададената работа; • избира потребни материјали и земјоделска механизација за работа; • рационално ги употребува материјалите, времето и енергијата; • обработува површини за производство на лозов посадочен материјал и подигање на лозов насад; • произведува и сади лозов посадочен материјал; • врши заштита на лозовиот насад; • применува стандардите на органско лозарско производство; • бере, транспортира, сортира и пакува грозје; • складира и чува грозје за продажба; • утврдува цена на чинење и продава грозје; • ја одржува земјоделската механизација за време на работата и после завршување на сезоната; • ги применува стандардите и го контролира квалитетот на работата; • комуницира со колегите и претпоставените; • води грижа за заштита на здравјето на луѓето и околината, во согласност со техничките, противпожарните и другите мерки за заштита; • учествува и се стреми кон тимска работа.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Учесниците да имаат завршено минимум основно образование и да се постари од 17 години[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 32 32
Пракса 112 62
Оценување 10 6
Вкупен број на часови 180
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support