Опис на програма

Примарната цел на програмата ‘Маникир и педикир – основно ниво’  е насочена кон стручно оспособување на ученикот во областа на козметичките услуги за маникир и педикир на осново ниво. Со помош на програмата, преку теореска и практична настава, учесникот ќе се запознае со организацијата на работа во козметичките салони, со работниот простор, опремата и инвентарот, за што се наменети приборите алатите и другите средства за работа и како истите  да се користат. Да научи да применува различни козметички постапки и процедури. Ќе се применува стручна терминологија и учениците ќе бидат запознаени со работните задачи, со правилата за безбедност и заштита при работа и здравје.

Теоретскиот дел ќе биде  реализиран од наставен кадар, согласно нормативот за наставен кадар за стручно образование, додека практичниот дел ќе биде рализиран од козметичар за маникир и педикир, соодветно и последователно.

Практичната обука е објективна и индивидуална, и врз основа на постигнатите резултати ќе се вреднуваат усно, писмено и од постигнатите цели на практичниот дел. За секој ученик ќе има посебно портфолио.

Обуката се одвива со времетраење од 3 месеци, односно 264 часови или 22 часови неделно. Од кои 65 часови или 25% теоретска настава, а 162 часови или 61% практична натава, 37 часови или 14% ќе бидат искористени за испитување и проверка на знаењето.

По завршувањето на 3 месечна обука се спроведува завршен испит, и по полагањето на истиот се стекнува со сертификат за Маникир и педикир – основно ниво’’.

Резултати од програма

[:mk]По завршување на обуката кандидатот е оспособен да:  
  • Организирање на својата работа;
  • Почитува мерки за рационално користење струја, материјал и време;
  • Применува прописи за  хигиенска пракса (НАССР);
  • Применува прописи за заштита при работа;
  • Користи соодветни алати, прибори, материјали за работа  при козметичките постапки;
  • Избира, употребува и одржува алат, прибор и апарати од козметичкаѕта дејност и постапка;
  • Разликува разни постапки за нега и заштита на рацете и нозете, соодветно;
  • Изведува основни постапки во надградба на нокти;
  • Одржување и нега на кожата, прстите и ноктите на рацете, и нега на кожата и ноктите на нозете, притоа отстранување на сувата кожа, деформирани нокти и жуљеви со различни козметички средства и соодветен алат и прибор за работа.
[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Учесникот да има завршено најмалку основно образование Возраст над  15 години.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 55 25
Пракса 162 61
Оценување 37 14
Вкупен број на часови 264
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support