Опис на програма

Содржините од теоретскиот дел од програмата ќе се реализираат во училница – кабинет во просториите на Отворениот граѓански универзитет “Крсте Мисирков„ – Битола а практичниот дел ќе се реализира во опремен козметички салон. Програмата содржи 220 часа која ќе се реализира во четири месеци. Програмата е прилагодена според изготвен стандард на занимање и основна цел на програмата за маникир и педикир е стручно оспособување на кандидатите од областа на козметиката и нивно самостојно работење во дејноста.

Обуката ќе се реализира преку форми на  предавања, дискусии во група, демонстрации и набљудување со коментари и анализа и практични методи – меѓусебни изведби кај самите учесници од групата

После секоја тематска целина ќе има проверка на знаењето, а на крајот од програмата завршен испит и по успешно совладување на материјата учесникот ќе се стекне со сертификат

за маникир и педикир

За реализирање на програмата за маникир и педикир ќе биде ангажирано лице со завршени студии по медицина и мајстор-козметичар со најмалку пет години работно искуство

Програмата дава можност и за  хоризонтална проодност учесникот да може да премине и во друга сродна образовна програма (пр.козметичар) и вертикално напредување во програми од повисоко ниво во занимања.

Резултати од програма

[:mk]По завршувањето на теоретската и практичната обука учесниците ќе се стекнат со знаење и вештини да: -Организира и планира сопствената работа и прави преглед на закажаните третмани -Создава хигиено-технички услови за работа -Подготвува простор за работа -Подготвува и го заштитува клиентот за козметички третман (дезинфицира, тонизира, прави топла бања и отстранува мртви клетки на кожа, на раце и стапала) -Избира козметички препарати, инструменти и апарати за козметички третман според состојбата на кожата и ноктите -Применува техники на маникир на природни нокти -Применува техники на надградба на вештачки нокти (гел и акрил техника) -Применува техники на лакирање (класично, сликарски техники, украсување, француски маникир) -Дава совети за состојба на ноктот кој не дозволува третман (габични, меки нокти, кршливи, нерамни и нокти кои се раслојуваат) -Одредува состојба на кожа на стапала и нокти -Обработува жуљеви на стапала -Применува техника во нега на стапала (пилинг, масажа, маска, растителни пакувања, парафин) -Води евиденција за извршени третмани -Применува правила и мерки за лична безбедност и безбедност на клиентот при употреба на апарати и прибор -Применува кодекс на однесување – етика во работењето -Следи нови трендови во козметиката во однос на техники, препарати и апарати -Советува и помага при избор на третман и дава совети за избор на препарати за домашна нега -Применува хигиенско-технички заштитни мерки и средства при работа во согласност со законските прописи[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Оваа програма е наменета за сите лица кои имаат завршено најмалку основно оберазование, лица кои пројавуваат интерес за маникир и педикир и не се помлади од 17 години[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 46 21
Пракса 154 70
Оценување 20 9
Вкупен број на часови 220
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support