Опис на програма

Главна цел на програмата е да се оспособат лица над 15 години самостојно да  изведуваат услуги за маникир и педикир.Програмата е прилагодена за сите кои имаат желба да се занимаваат со ова занимање на професионален начин. Програмата е со времетраење од два месеци односно 175часа и опфаќа стручно теоретски содржини кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак се изведува во козметички салон.Учесниците ќе стекнат знаење и умеење да подготват работен простор и работно место, да комуницираат со клиенти и со деловни партнери, да извршуваат техники на маникир и на педикир, да надградуваат и одржуваат нокти, да декорираат и да негуваат раце и нозе. Програмата во делот бизнис и претприемништво ги запознава учесниците со можностите за отворање на сопствен бизнис. Постигањата на учесниците се проверуваат тековно и на крај од програмата на завршен испит. .Учесниците кои успешно ќе го положат завршниот испит од практичниот дел се стекнуваат со Сертификат за Маникир-Педикир по верифицирана програма.а

Резултати од програма

[:mk]По завршувањето на програмата учесникот ќе биде способен да:
  • закажува третмани
  • подготвува работно место и клиент
  • определува состојба на нокти
  • прави маникир на природни нокти
  • обликува и надградува нокти со гел
  • надградува нокти со шаблон, гел лак и друго
  • надградува нокти во френч ковер техника,
  • одржува и отстранува надградени нокти
  • декорира нокти на раце и нозе
  • изведува завршни работи во декорација и нега
  • изведува техники на педикир
  • врши консултативно-советодавна услуга со клиентите,
  • работи во согласност со нормативите и гарантира за квалитетот на работата
  • ги познава и применува правата од работен однос и можностите за отворање и водење на сопствен бизнис.
[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Завршено најмалку основно образование,над 15 годишна возраст[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 34 20
Пракса 124 70
Оценување 17 10
Вкупен број на часови 175

Course Reviews

N.A

ratings
  • 5 stars0
  • 4 stars0
  • 3 stars0
  • 2 stars0
  • 1 stars0

No Reviews found for this course.

Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support