Опис на програма

Програмата „Масер за козметичка, Велнес и спа масажа “ е насочена кон стручно оспособување на учесниците за самостојно извршување работни задачи масер за козметичка масажа во салон за масажа, велнес и спа центри. Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците полесно вработување, отварање на сопствен бизнис и конкурентност на пазарот на трудот. Структурата на програмата е следна: стручно-теоретски дел, практична обука и проверка на постигањата на кандидатите (завршен испит). Времетраење на програмата е 300 часа.

Стручно-теретскиот  дел од обуката ќе се реализира во училница-кабинет, опремен според правилник  за стандарди за просторот и опрема. Теоретскиот дел од обуката ќе го реализира наставен кадар со завршени студии по медицина и економија.

Практичниот дел од обуката ќе се реализира во просторија за масажа, опремена според правилник  за стандардите за просторот и опрема.. Практичниот дел обуката ќе го реализира масер со работно искуство.

Третиот дел од програмата е проверка на постигањата на учесниците или завршниот испит.

По успешно завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да: организира простор и работа во салонот, применува санитарно технички норми за спроведување на оваа дејност, подготвува работно место и  клиент за третман, спроведува третмани на масажа на тело, спроведува мерки за заштита на работна и животна средина, комуницира, соработува во тим, учи доживотно и се усовршува, развива претприемачки вештини.

Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот. Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи, кои ќе им овозможат на учесниците континуирана активност за целокупното траење на обуката.

Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно, писмено, практична работа и на завршниот испит.

Учесникот кој  успешно ќе ја заврши обуката се  здобива со сертификат за стручна оспособеност по верифицирана програма „Масер за козметичка, Велнес и спа масажа“. Програмата нуди можност за напредување на повисоки нивоа, курсеви од областа на масажата.

Резултати од програма

[:en] [:mk]По завршувањето на обуката учесникот ќе биде оспособен да:   -  планира и организира простор и работа во салон за масажа -  дезинфицира простор, работни површини, прибор и апарати за масажа -  врши прием на клиент -  подготвува работно место и клиент за масажа -  препознава индикации и контраиндикации за масажа -  избира третман на масажа според состојба и желба на клиентот -  изведува техники на основни и комбинирани  масажни движења -  изведува техники на класична масажа (општа, локална), Велнес и спа масажа -  познава основни начела на претприемништво и согледува можности за отварање и водење на сопствен                         бизнис -  применува норми на работна етика -  работи во согласност со прописите за лична заштита  и заштита на клиентите и околината[:al] [:]

Критериуми за влез во програмата

[:en] [:mk]Основно ниво на образование: основно образование и возраст од најмалку 15 години. Пожелно ниво на образование: тригодишно или четиригодишно образование (од било која струка). Дополнителни барања за кандидатите, односно дополнителни услови не се бараат.[:al] [:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 60 20
Пракса 210 70
Оценување 30 10
Вкупен број на часови 300
0 STUDENTS ENROLLED

    [:en]Детали за понудувач на услуги[:mk]Instructor Details[:al]Instructor Details[:]

    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support