Опис на програма

Програмата Масер за козметичка масажа има за цел обука на возрасни лица за стекнување на знаења и вештини за занимање од областа на козметичка масажа.

Основа за изработка на програмата се стандаритедите на занимање Масер и Масер за козметичка масажа, велнес и спа.

Реализацијата на програмата е преку теоретски часови, практична обука и проверка на знаењата и вештините на учесниците. Теоретскиот дел се реализира во соодветно опремена училница/кабинет, а практичната обука се реализира во козметички салон опремен според барањата на стандардите за вршење на дејноста.

Оценување и вреднување на постигањата на секој учесник во програмата ќе се изведува тековно и на завршен испит.

Учесникот кој со успех ќе го положи завршниот испит ќе се здобие со сертификат за Масер за козметичка масажа и ќе биде оспособен за самостојно организирање на простор и работа, изведба на козметички масажи,  примена на деловна комуникација со клиенти, примена на санитарно технички норми за заштита на животната и работната средина и интерес за постојан напредок во професијата.

Програмата Масер за козметичка масажа нуди можност за напредување на учесникот во други обуки или повисоки нивои на квалификации од областа на козметика.

Времетраењето на програмата е 185 часа од кои 65 часа се стручна теорија, а 120 часа се практична обука во реални работни услови. Термините во кои ќе се реализира програмата се договараат со учесниците.

Резултати од програма

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Завршено најмалку основно образование и возраст на учесникот над 15 години.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 65
No instructions found !
Пракса 120
No instructions found !
Оценување
No instructions found !
No instructions found !
Вкупен број на часови 186
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support