Опис на програма

Програмата Масер за лице и тело им овозможува на учесниците преку теоретска и практична настава да се оспособат да го организираат просторот и работата во салонот за масажа, да разликуваат локомоторен апарат (апарат за движење, коски, мускули, зглобови), да разликуваат и изведуваат одделни видови масажа , кои движења се применуваат во масажата, какви видови масажа постојат ( масажа на тело, спортска, релакс масажа, масажа на лице,врат и деколте), индикации и контраиндикации кај масажа, да применуваат хигиенско-технички мерки за лична и работна хигиена, да комуницираат професионално со клиенти и соработници. Теоретскиот дел на наставата ќе се реализира во училница, кабинет опремен според соодветни технички услови, а практичниот дел во салон за масажа. Оценувањето ќе се спроведува континуирано по секоја тема во тек на обуката и на крај ќе полагаат завршен испит. Учесниците кои со успех ќе го положат завршниот испит се стекнуваат со Сертификат Масер за лице и тело. Времетраењето на програмата е 3 месеци или 250 часа

Резултати од програма

[:mk]По завршувањето на обуката учесникот ќе се стекне со следните стручни компетенции: - изведува работи и работни задачи во салон за масажа, - планира и организира простор и работа во салон, - спроведува хигиена на просторот, инвентарот и средствата за масажа во салонот - прави проценка на состојбата на кожата на клиентот - применува основни принципи за подготовка на клиентите и материјалот за предвидените манипулации. - изведува основни техники и зафати за масажа на лице и тело ( релакс масажа, спортска масажа, масажа на лице, врат и деколте ) - препознава сакани и несакани ефекти од примената на одделен вид масажа, - применува правила за лична заштита и заштита на клиентите и околината, - применува основни правила на однесување и негува позитивен однос кон клиентите и соработниците.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Критериум и за влез во програмата е учесниците да имаат завршено основно образование и да се над 15 годишна возраст. Пожелно е да имаат завршено било кое средно образование.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 75 30
Пракса 150 60
Оценување 25 10
Вкупен број на часови 250
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support