Опис на програма

Програмата за работно оспособување за самостојно извршување на работи и работни задачи масер терапевт за во салон за масажа, фитнес центри или за самовработување опфаќа стручни теоретски содржини со вежби кои се реализираат во посебно опремен кабинет и истите се во функција на практичната обука која се реализира во реални услови (салон за масажа, СПА центри и спортски клубови, терапевтските центри). Програмата за обуката е во времетраење од 4 месеци, односно 350 часа од кои 105 часа се теоретска настава, 210 часа практична настава и 35 часа оценување.

Учесникот по успешното завршување  на програмата ќе биде способен  да ја планира и организира својата работа,  да се грижи за личната хигиена и личното здравје и здравјето на клиентите и околината, да го познава физиолошкото дејство на масажата и дејството на масажата како терапија со индикации и контраиндикации, да разликува одделни видови на масажи користејќи ја тактилната перцепција и преостанатиот вид, да изведува масажа, да користи, познава опремата за масажа, да ги познава ефектите од примената на одделни видови на масажа, да воспоставува врска меѓу масажите, да применува професионални препарати и при изведување на масажата, да применува хигиенско технички мерки за заштита, асепси, антисепси и стерилизации, да ги познава правата и обврските од работниот однос, отварање и водење на сопствен бизнис и вклучување на пазарот на трудот, да се оспособи за професионална комуникација и соработка.

По завршување на програмата учесникот полага завршен испит со што се стекнува со сертификат за работна оспособеност за самостојна работа Масер Терапевт (за лица со оштетен вид) по верифицирана програма.

Резултати од програма

[:mk]По завршување на обуката учесникот се оспособува да: - ја планира и организира работатата во салоните за масажа во скопје ; -применува основни принципи за подготовка на клиентите и материјалот за предвидените манипулации; -изведува основни техники и зафати на масажа користејќи тактилна перцепција и остаток на вид; -толкува ефекти од примената на одделни видови на масажа; -применува правила за лична заштита и заштита на клиентите и околината; -работи во тим.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Основен влез на учесникот е да има завршено најмалку основно образование и возраст над 15 години.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 105 30
Пракса 210 60
Оценување 35 10
Вкупен број на часови 350
0 STUDENTS ENROLLED
    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support