Опис на програма

Програмата за работно оспособување за самостојно извршување на работи и работни задачи масер  за лице и тело во салон за масажа и   опфаќа стручно теоретски содржини со вежби кои се реализираат во училницa/кабинет и истите се во функција на практичната обука која се реализира во реални услови-салон за масажа или козметички салон.

Програмата е со тримесечно времетраење, односно  250 часа.

По успешното завршување на програмата учесникот  ќе   биде способен да ја планира и организира својата работа, ќе се грижи за личната хигиена и личното здравје и здравјето на клиентите и oколината, ќе го    познава физиолошкото дејство на масажата и дејството на масажата како терапија со индикации и контраиндикации, ќе разликува одделни видови масажи, ќе изведува масажа ќе ги познава, користи и одржува апаратите и опремата, ќе ги познава ефектите од примената на одделен вид масажа, ќе воспоставува врска меѓу масажата, ќе применува професионални апарати и препарати при изведување на масажа, ќе применува хигиенотехнички мерки за лична и работна хигиена, асепси, антисепси и стерилизации, ќе ги познава правата и обврските од работен однос, отварање и водење на сопставен бизнис, ќе се оспособи за професионална комуникација и  соработка.

По завршувањето на програмата кандидатот полага завршен испит со што се стекнува со уверение  за работна оспособеност за самостојна работа Масер по верифицирана програма.

Резултати од програма

[:mk]Учесникот  по успешното завршување на програмата ги применува знаења и вештини потребни за работа во салон за масажа ќе ја планира и организира работа и квалитено ќе ги исполнува  работните обврски,  ќе применува основни принципи за подготовка на клиентите и материјалот за предвидените манипулации, ќе изведува основни техники и зафати за масажа, препознава сакани и несакани ефекти од примената на одделен вид масажа, ќе применува правила за лична заштита и заштита на клиентите и околината, ќе се оспособи за тимска работа, ќе се грижи за постигнување на висок квалитет на услугите,  ќе ги познава правата и обврските кои произлегуваат од работен и можностите з аотварање и водење на сопствен бизнис. По успечното завршување на обиката учесникот полага заврѓшен испит со што се стекнува со верифициран сертификат за Масер.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Завршено основно образование и над 15 годишна возраст.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 20 20
Пракса 70 70
Оценување 10 10
Вкупен број на часови 250
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support