Опис на програма

Програмата се заснова на стандарди потребни за  сaмостојно извршување на работите и работните задачи масер, во салони за масажа. Истата   е со тримесечно времетраење или 175 часа, а се состои од тематски целини со теоретски основи за практична обука. Теоретските основа се реализираат во училницa/кабинет а практичната обука во  салон- работилница.

Преку тематските целини учесникот ќе се запознае со прaвата од работен однос и отварање на сопствен бизнис, ќе ги препознават различните масерски зафати ќе ги  објаснува и демонстрира начините на нивно изведување.

Практичната обука и вежби се во функција на оспособување на учесникот за изведување на масерски зафати: мазнење, праволиниско, кружно, цик – цак, триење, гмечење, чукање и вибрациони бранови со цела шака  и со јагодици од прстите,  да  избира и правилно применува професионално контактно средство (масти, лосиони, пудер, креми и др.) да воочува  промени на телото кај пациентот за време на масажата.

По завршувањето на програмата учесницикот полагаат завршен испит пред комисија, а по успешното завршување на испитот се стекнуваат со уверение за стручна оспособеност – сертификат за масер по верификувана програма.

Кандидатот може вертикално да напредува  во програми од II ниво за ова занимање

Резултати од програма

[:mk]Учесникот по успешното завршување на програмата ќе може да работи во салон за масажа, ќе ја објаснува масажата како терапија со индикации и контраиндикации, ќе изведува разни зафати од масажи со дланка, јагодици од прсти со различни интензитети, вибрациони бранови, на одделни делови од тело (мазнење, триење, гмечење и вибрации), ќе може да одбира и правилно да ги применува разните потребни средства за масажа, ќе може да согледува индикации и контраиндикации при масажа, ќе ракува со апарати за изведување на мaсажа, ќе применува високи моралните норми при работата, и доживотно ќе се усовршува и напредува во занимањето.  [:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Завршено основно образование и 16 годишна возраст. Психофизички здрав со добри природни  стекнати и развиени, вид, слух, допир, осетливост на мали поместувања и промена на отпорот, на положба на органите и изведба на покретите, одмерување на напорот потребен за различни работи Личност  емоционална стабилност, присебност, среденост и самоконтрола.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 45 26
Пракса 120 68
Оценување 10 6
Вкупен број на часови 175
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support