Опис на програма

Програмата за масер се состои од 5 тематски целини, а проверката на постигнувањето на  целите ги опфаќа сите  цели од тематски целини.  Целите на програмата се насочени кон учесникот за стекнување на  вештини  и знаења  преку  реализација на предавања, демонстрирање на вештини и практична обука.  Целокупната обука трае 240 часа.

Главна цел на оваа програма е стекнување на  знаења,вештини и компетенции за масажа на тело и тоа класична,релаксирачка и антицелулитна. Врз основа на оваа цел  обуката  се организира според целите дефинирани по тематските целини,   кои се ориентирани кон стекнување на практични вештини и знаења,односно целно ориентирани. Освен тематските целини програмата ги содржи формите(фронтално,групно,тандем и индивидуална) и методите(предавање,дискусија во групи,учење насочено кон решавање на проблеми,практична настава во козметички салони,обука на работно место,индивидуална настава) на обуката, кои обучувачите треба да ги применуваат во текот на обуката. Во таа насока обучувачот ќе користи такви методи, форми и техники кои овозможуваат постигнување на целите постапно.Програмата го содржи нормативот за наставен кадар  и насоките за оценување на учесниците во програмата(усно,писмено,практично).

Обучувачот води портфолио  врз основа на резултатите од спроведените  тестови како и резултатите од практичната обука . Доколку кандидатот не ги постигне зацртаните цели се упатува повторно.

По завршената обука  следи завршен испит кој се состои од практичен дел и стручно теоретски дел. Практичниот дел се состои од изработка на практична задача.Стручно теоретскиот дел се состои од писмен тест со прашања.

По положување на завршниот испит учесникот се здобива со сертификат за масер во кој ќе бидат внесени стекнатите вештини и знаења.

Учесниците кои се стекнале со сертификат можат да напредуваат хоризoнтално преку обуки,семинари,советувања и верткално во согласност со  Законот за стручно образование и обука.

Резултати од програма

[:mk]По завршувањето на програмата учесникот е оспособен да ::
  • комуницира со клиенти,
  • организира работа во салонот за масажа,
  • применува мерки за безбедност и здравје при работа и заштита на животна средина,
  • одржува опрема за работа ,
  • подготвува клиент за масажа
  • одредува состојба, тип и други карактеристики на кожа
  • проверува функција на локомоторен систем
  • применува козметички препарати за масажа,
  • применува техники на релаксирачка масажа,
  • применува техники на класична масажа,
  • применува технки на антицелулитна масажа,
  • изготвува цени за услугите,
  • применува маркетинг и претприемништво во салонот
 [:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Треба да имаат најмалку основно образование и да се постари од 15 години, но можат во оваа програма да се вклучат и кандидати со завршено средно и високо образование[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 48 20
Пракса 168 70
Оценување 24 10
Вкупен број на часови 240
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support