Опис на програма

Главна  цел  на програмата   е  кандидатот да се обучи за поправки (сервис) кај апарати:  бојлери, електрични греалки, акумулациони печки, шпорети, осветлување и електрична инсталација во домот.

Од браварските сервиси, кандидатот ќе се обучи за поправки на брави, ментешиња и услуги со рачно-електролачно заварување. Самата програма е изработена според најчестите барања за поправки (сервис) од граѓаните и правните субјекти. Програмата се состои од неколку области:

  1. Основи на  електротехника и електротехнички  материјали.
  2. Заштита при работа.
  3. Електротехнички алати и уреди.
  4. Браварски алати и уреди.
  5. Сервис на бојлери, ел. греалки, термоакумулациони печки, шпорети, осветлување и ел. инсталација
  6. Сервис на брави, метешиња и услуги со рачно-електролачно заварување.

По завршувањето на обуката кандидатот полага завршен испит, за проверка на знаењето. Доколку тој го положи завршниот испит, ќе добие сертификат Мајстор за поправки и сервис во станбен и деловен објект – хаусмајстор.

Времетраењето на програмата е 280 часа.

За теоретска обука се планирани 84, а 168 часа се практична обука во реални работни услови. Остатокот од 28 часа  се наменети  за оценување. Теоретската обука ќе се реализира во училница, а практичната обука се одвива преку вежби и задачи на терен или во простории наменети за реализација на обуката.

Резултати од програма

[:mk]Кандидатот по успешното завршување на програмата е оспособен да: - Применува основни законитости на електротехниката, термодинамиката и термотехниката; - Опишува елементи на ниско/високо монтажни бојлери, надворешни и внатрешни бојлери, смарт бојлери; - Опишува електрични греалки, термоакумулациони печки и нивниот принцип на работа. - Врши поправки кај електрични шпорети и електрична инсталација во станбени и деловни објекти. - Поправа и заменува врати, прозорци, ракува со рачна дупчалка и рачна брусалица. - Заварува метални профили со рачно-електролачен апарат. -Применува ХТЗ заштита и работи по протокол - кратки напишани правила и проверки за секој сервис[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]За влез во програмата е потребно кандидатот да да има завршено најмалку средно образование.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 84
No instructions found !
Пракса 168
No instructions found !
Оценување 28
No instructions found !
Вкупен број на часови 280
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support