Опис на програма

Со програмата за обука на ментори за работна интеграција, се има за цел да се оспособат лица кои ќе менторираат, односно ќе им помагаат на долгорочно невработени и маргинализирани лица од пазарот на трудот побрзо да се интегрираат на пазарот на труд.

Кога станува збор за лице кое што долго време било исклучено од пазарот на труд или никогаш не добило шанса да биде дел од него, процесот на работна интеграција е комплексен и честопати придружен со бројни предизвици. Времетраењето на овој процес кај различни лица е различен и зависи од бројни внатрешни и надворешни фактори. И едните и другите, треба да се земат во предвид и во исто време да се надминуваат пречките кои што произлегуваат од нив и го отежнуваат процесот на работна интеграција. Овој процес станува уште покомплексен и поради тоа што организациите/компаниите немаат соодветна подготвеност за интегрирање на потешко вработливи лица, нема доволно социјални претпријатија кои би ги подготвувале овие лица за влез на пазарот на труд, а нема ниту програми кои што ги поддржуваат лицата во процесот на работна интеграција. Согласно ова, од една страна имаме висока стапка на невработеност, а од друга, компаниите се соочуваат со недостиг на работна сила и висока стапка на заминување на нововработени работници поради неможноста да бидат соодветно интегрирани. .

Програмата „Ментор за работна интеграција“ вклучува содржини што опфаќаат  организирање  и реализирање  средби со  одговорни лица во институции кои се вклучени во поддршка на долгорочно невработени лица, активности за идентификување на долгорочно неваботени лица, определување модели на менторирање и советување на лица за работна интеграција, проценување  оспособеност на менторираното лице за работна интеграција, потоа има содржини на процесот на менторирање , мониторирање и еваулација на  процесот на менторирање, изработка и спроведување на индивидуален план за развој и вработување (ИПРВ) на менторираното лице, посредување на менторот помеѓу менторираното лице и бизис секторот и водење на евиденција и документација спроведување на активности за заштита и безбедност на менторираното  лице  во процес на менторирање.

 

Понудената едукативна програма користи два главни методи на учење, и тоа: методи на објаснување и информативно-рецептивни и репродуктивни методи- решавање на проблеми, како и поттикнување на истражување во рамките на темите. Предавање, дискусија, индивидуална домашна работа, работа во групи, работа на студија на случај се некои од техниките на пренесување и примена на знаење.

Проверката на стекнатото знаење се одвива преку прашалници за евалуација на степен на знаења пред и после тематските модули. Исто така, предавачите ќе даваат соодветен фидбек на работата во група и индивидуалните домашни задачи и соодветно ќе даваат препораки за сегменти во знаењето кои треба да се зајакнат кај учесниците во едукативната програма.

Времетраење на програмата е вкупно 120 часа, од кои 62 часа се теорија и 58 часа пракса.

По успешно завршување на реализацијата на програмата учесникот ќе се стекне со сертификат „Ментор за работна интеграција“.

Резултати од програма

[:en] [:al] [:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Критериуми за вклучување во програмата Потенцијалниот кандидат треба да има:
  • завршено најмалку високо образование и/или соодветно работно искуство од најмалку една година, од областите на социјална заштита;
  • искуство во примена на психометриски инструменти за проценка;
  • да има познавање од движењата на пазарот на труд во Република Северна Македонија;
  • искуство и познавања на социјалните претпријатија, кооперативи и граѓанските организации со економски активности во работното интегрирање на ранливи лица на пазарот на труд:
  • базично познавање и користење на англиски јазик;
базични ИТК вештини.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 62 86400
Пракса 58 86400
Оценување 86400 86400
Вкупен број на часови 120
0 STUDENTS ENROLLED

    [:en]Детали за понудувач на услуги[:mk]Instructor Details[:al]Instructor Details[:]

    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support