Опис на програма

Програма Механичар за рударска механизација и опрема се темели на стандардите за занимањето и описот на работното место кои се постигнуваат преку обука со стручно теоретски содржини кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука, која пак се изведува во работилница, на плато и рударска јама. Програмата е со времетраење од 320 часа од кои 65 часа се со стручно теоретски содржини и 240 практична обука и 15  часовите за оценување на постигнатоста на целите од програмата.

Програмата ќе ја реализираат искустни стручни лица со искуство со рударска, машинска насока и заштита и безбедност при работа  со акцент на работа во рудник  за јамски и површински ископ. Во програмата се разработени  осум тематски целини: Планирање, подготовка и заштита на работно место, Познавање и работа со основен, помошен, мерен и контролен алат; Технологија  на одржување, Мотори со внатрешно согорување и системи; Рударски машини  и опрема.  Практична работа:  Демонтажа и монтажа, одржување на системите  за сопирање, управување, потпирање; хидраулични и пневмантски системи, Одржување на рударска механизација и опрема, Административно технички работи; Комуникација и работна етика и морал. Во текот на обуката се врши проверка на постигнатоста на целите од зацртаните цели од тематски целини. По завршувањето на програмата учесникот полага завршен испит пред трочлена комисија и по успешно завршување на испитот се стекнува  со сертификат МЕХАНИЧАР ЗА РУДАРСКА МЕХАНИЗАЦИЈА И ОПРЕМА.

Резултати од програма

[:mk]Учесникот  по успешното завршување на програмата ќе може да извршува работи  механичар за рударска механизација и опрема; да врши секојдневен преглед на опремата, ракува со приборот, алатот и инструментите за работа, учествува во  техничкото одржување и ремонтите на рударска механизацијата и опрема, монтира демонтира и заменува делови: системите за трансмисија, управување, сигнализација, сопирање и потпирање, подигнување, спуштање, да ја одржува хигиената на работното место, применува прописи за лична заштита и безбедност при работа и заштита на човековата околина, да  развива вештини за тимска работа и професионално да комуницира со претпоставените,  колегите, соработницит и клиентите. Постојано да се усовршува и надогадува[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Завршено најмалку основно образование и над 15 годишна возраст.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 65 20
Пракса 240 75
Оценување 15 5
Вкупен број на часови 320
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support