Опис на програма

 

Главна цел на програмата „МИГ МАГ Заварувач“ е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за самостојно, правилно и благовремено одлучување, постапување и квалитетно изведување на работните задачи во занимањето Mиг (метал инертен гас) – Mаг (метал активен гас) Заварувач.

Учесникот во програмата ќе стекне вештини и знаења, односно ќе биде способен за:

  • планирање и организирање работа, самостојно и во тим
  • подготвување на услови за работа
  • подготвка на работното место, алатот, машините и мерните инструменти
  • проверка, приспособување и одржување на опремата, машините, уредите и средствата што се користат во работата
  • обезбедување на квалитетни услуги и извршени работа
  • комуницирање со соработниците и клиентите, со почитување на деловните принципи
  • обавување на заварувачки и репаратурни работи според пропишаниот МИГ/МАГ начин на заварување
  • обезбедување на потрошните материјали во зависност од процесот на работа
  • обработка на работните налози и техничката документација што е потребна за редовно извршување на работните задачи
  • користење на стручната литература и упатствата за квалитетно извршување на работата
  • примена на мерките за лична заштита и заштита на околината

Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука да им овозможи на учесниците да се стекнат со сертификат МИГ МАГ Заварувач“.

Времетраењето на програмата е 200 часа од кои 60 часа теоретска обука, 140 часа се практична обука во реални работни услови.

Теоретскиот и практичниот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно, со однапред договорена динамика со учесниците во програмата. Теоретската обука ќе се одвива во специјализирани простории во компанијата под менторство на обучувач, а практичната обука же се реализира на терен преку вежби и изработка на проектни задачи. За време на практичната обука на учесниците ќе им биде доделен ментор, вработен во компанијата.

Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на секој модул преку усна и писмена проверка, после целосна реализација на сите тематски целини преку проверка на знаење со цел споредба на знаењето, пред и после теоретската обука. По завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се проверуваат стекнатите вештини и компетенции.

По успешно завршена практична задача на крајот од обуката, учесниците се стекнуваат со сертификат за работна оспособеност „МИГ МАГ Заварувач“.

Резултати од програма

Критериуми за влез во програмата

[:mk]  Учесниците да имаат завршено минимум средно образование и да се постари од 17 години, односно средно стручно образование од машинска или сродна струка, занимање или било кое друго средно образование[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 60
No instructions found !
Пракса 140
No instructions found !
Оценување
No instructions found !
No instructions found !
Вкупен број на часови 200
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support