Опис на програма

Кандидатот ќе се стекне со теоретски и практични вештини од областа на рачното заварување со посебен акцент на МИГ/МАГ постапка.
Обуката се организира и реализира во училниците и работилниците на училиштето.
Училницата е опремена со табла, видео бим потребните наставни нагледни материјали за демонстрација. Вештините потребни за занимањето практично се стекнуваат преку планирани вежби во училишната работилница.
Опремата одговара на потребите за стекнување на поставените цели за да се добијат бараните компетенции. Кандидатот има свое работно место.
Времетраењето на програмата е 240 часа од кои 65 часа теоретска обука, 163 часа се практична обука и 12 часа се наменети за оценувањето.
Вежбите за практична обука се осмислени така да се последователен след, условеност и корелација со сознанијата кои кандидатите ќе ги стекнат со стручната теорија.
Кандидатите за време на обуката континуирано се следат во постигањето на целите од страна на обучувачите преку писмена и практична проверка. Резултатите од проверките се евидентираат во соодветни листи за вреднување за секој кандидат.
Вреднувањето на стекнатите компетенции се врши во три нивоа: високо, средно и ниско кое се внесува во листите за вреднување. Тоа се врши во текот на целата обука и за секоја тематска целина пооделно.
По успешно положен завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат
МИГ – МАГ заварувач

Резултати од програма

[:mk]• ја распознава опремата, приборот и уредите за заварување; • користи опрема за заварување; • чита техничка документација; • врши подготовка на материјалите за заварување ; • успешно заварува во заштитна атмосфера на CO2 и Ar, гасно и електролачно рачно; • го чува алатот и приборот во исправна состојба; • ги контролира заварени споеви; • се грижи за животната и работната средина; • развива одговорност при работа и интерес за доживотно учење. • тимска работа[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Завршено минимум основно образование и возраст најмалку од 18 години[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 65 27
Пракса 163 68
Оценување 12 5
Вкупен број на часови 230
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support