Опис на програма

Главна цел на програмата е учесниците да се оспособат за планирање и организирање на млекопроизводството, како и планирање и одгледување на молзните овци: сместување, ихрана, нега, водење на матично книговодство на стадо и основни познавања за заштита на здравјето на молзните овци. Со примена на нови технологии во млекопроизводството и при одгледување на молзните овци млекопроизводителите ќе го зголемат производството на млеко и ќе добијат млеко со подобар квалитет, кое ќе ги задоволи ЕУ стандардите за квалитет на млеко. Тоа ќе овозможи и остварување на поголема профитабилност од млекопроизводството.

Програмата ќе се реализира преку теоретска настава и практична обука, во траење од 180 училишни часа

Учесниците ќе се здобијат со Сертификат за стручна оспособеност за Млекопроизводител и одгледувач на молзни овци.

Учесниците ќе поминат низ 4 тематски целини.

Резултати од програма

[:mk]По успешно завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да:
  • правилно го извршува молзењето на млечните овци
  • применува хигиенски мерки при молзење на овците
  • самостојно да ја планира и организира исхраната на молзните овци
  • врши корекција на оброк, според фазата на лактација и продукција на молзната овца
  • подготви соодветен оброк за овците спрема генетскиот потенцијал на овците
  • чува млеко до продажба, во соодветни услови и на соодветна температура
  • одржува хигиена  на  апарати и системи за молзење
  • користи средства за лична заштита и заштита на околината
  • идентификува причинители за добивање на маститис кај овците
  • утврдува маститис кај млечните овци и презема мерки за нивно лекување
  • толкува прописи и стандарди за квалитет на млеко
  • произведува млеко според европски стандарди
[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Завршено најмалку основно образование и наполнети 18 години[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 36 20
Пракса 126 70
Оценување 18 10
Вкупен број на часови 180
0 STUDENTS ENROLLED
    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support