Опис на програма

Главна цел на програмата е учесникот да стекне вештини и компетенции за самостојно извршува работни активности во салон и надвор од него поврзани со изгледот/стајлингот односно шминката, формата и бојата на фризурата и бојата на облеката.
Времетраењето на целата програмата е 300 часа од кои 90 часа теоретска обука, 180 часа се практична обука во реални работни услови и 30 часа се наменети за оценувањето. Теоретската обука се одвива во специјализирани училници и работилници со потребна современа опрема за изведување на настава. Практичната обука се изведува во работилница со соодветен простор за изведување на обуката.

Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на теоретскиот дел преку проверка на знаење со тест после теоретската обука за секој модул, а по завршувањето на практичната обука за секој модул следи изработка на работна задача. Учесникот треба да добие позитивен резултат од двете проверки за успешно да го заврши модулот. Доколку не биде успешен на некоја од проверките се упатува на повторно полагање. Учесникот преминува во следниот модул по успешно завршување на претходниот модул.

По завршување на сите модули следува завршен испит – Изработка на проект за визуелна стилизација кај клиент.

Со избор на модулите од 1 до 6, со траење од 300 часа. По завршување на секој модул се изведува проверка. Со завршување на модулите од 1 до 6 и со положен завршен испит кој се состои од тест и изработка на практична задача се добива сертификат за МОДЕН СТИЛИСТ.

Со избор на модулите од 1, 2, 3 и 5 од 170 часа. По завршување на секој модул се изведува проверка. Со завршување на модулите 1, 2, 3 и 5 и со положен завршен испит кој се состои од тест и изработка на практична задача се добива сертификат за СТИЛИСТ ВИСАЖИСТ.

Со избор на модулите од 1, 2, 3, 4 и 5 со траење од 260 часа. По завршување на секој модул се изведува проверка. Со завршување на модулите 1, 2, 3, 4 и 5 и со положен завршен испит кој се состои од тест и изработка на практична задача се добива сертификат за СТИЛИСТ ФРИЗЕР.

Со избор на модулите од 1, 2, 4, 5 и 6 со траење од 250 часа. По завршување на секој модул се изведува проверка. Со завршување на модулите 1, 2, 4, 5 и 6 и со положен завршен испит кој се состои од тест и изработка на практична задача се добива сертификат за СТИЛИСТ ЗА ТЕАТАР.

Резултати од програма

[:mk]По завршувањето на обуката учесникот ќе се стекне со знаења, вештини и ќе биде оспособен да: - планира, организира и извршува работни задачи за избор на облека, модни додатоци, обувки, накит, фризура, шминка за одредни личности, - ускладува модни трендови со индивидуални карактеристики на клиентот - создава стајлинг за разлини потреби и настани - правилно избира боја и облик според конфигурација на телото, - избира перики и надградба на коса, - изработува предлог за визуелна стилизација на клиентот, - комуницира со клиенти, соработници, претпоставени; - рационално ги користи опремата и времето, - ги одржува во исправна состојба алатот, машините и приборот за работа; - води и издава потребна документација за изведените работи, - се грижи за квалитетот на извршените работи и одговара за нив, - се грижи за безбедноста при работа, здравјето и лична заштита и заштитата на работната околина,[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Завршено основно образование и да бидат постари/а од 15 години. Положен квалификационен испит (тест) по слободорачно цртање и познавање на основните бои[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 90 30
Пракса 180 60
Оценување 30 86400
Вкупен број на часови 10
0 STUDENTS ENROLLED

    [:en]Детали за понудувач на услуги[:mk]Instructor Details[:al]Instructor Details[:]

    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support