Опис на програма

Главна цел на програмата е учесниците да се оспособат за молзење на крави со современи апарати за молзење и при тоа да добијат млеко со подобар квалитет кое ќе ги задоволи ЕУ стандардите за квалитет на млеко, а со тоа и  остварување на поголема добивка од млекопоизводството.

 

Програмата ќе се реализира преку теоретска настава и практична обука, во траење од 70 училишни часа.

 

Учесниците ќе се здобијат со уверение за работна оспособеност за молзач на млечни крави

 

Учесниците ќе поминат низ 4 тематски целини.

Резултати од програма

[:mk]По успешно завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да:
  • утврдува млечност на кравите спрема генетскиот потенцијал на кравата (корегирање на млекото)
  • демонтира и монтира молзни единици од машина за молзење
  • заменува работни делови на молзните единици од машината за молзење
  • запазува постапки при молзење на кравите
  • толкува прописи и стандарди за квалитет на млеко
  • применува хигиенски мерки при молзење на кравите
  • чува млеко во соодветни услови и на соодветна температура, до продажба
  • одржува хигиена на апарати и системи за молзење
  • користи средства за лична заштита и заштита на околината
  • идентификува причинители за добивање на маститис кај кравите
утврдува маститис кај млечните крави и презема мерки за лекување[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Основно ниво за влез на учесниците во програмата е:
  • да имаат завршено минимум основно образование (пожелно ниво на образование е тригодишно или четиригодишно средно образование).
[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 21 30
Пракса 42 60
Оценување 7 10
Вкупен број на часови 70
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support