Опис на програма

 

 

Главна  цел  на  програмата   е  кандидатот се обучи за монтажа, но и за одржување на соларни системи кој истиот ги монтирал или некој друг. Самата програма е изработена според барањата на фирмите од овој сектор. Тие беа директно вклучени во нејзино креирање. Во програмате се опфатени и воздушните и хибридните колектори како новина во овој сектор. Истата ќе овозможи монтажерот да добие доволно практично и теоретско знање за најновата соларна техника. Програмата се состои од неколку области :

1.   Основи  на  електротехника и електротехнички  материјали.

2.  Соларни термални и фотонапонски системи.

3.     Техники на монтажа и заштита при работа.

4.     Избор, монтажа и одржување на соларни термални системи

5.     Избор, монтажа и одржување на фотонапонски системи.

По  завршувањето   на обуката  следи  полагање на завршен испит преку кој ќе се проверат стекнатите вештини. Доколку кандидатот успешно го положил завршниот испит, тој ќе добие сертификат „Монтажер и сервисер на соларни термални и фотонапонски системи“. Кандидатот, во иднина, може да дополнително да полага и испит за “лиценциран монтажер” пред комисија од министерство за Економија на РМ.

Времетраењето  на програмата  е 280 часа.

За теоретска обука се планирани 84, а 168 часа се практична обука  во реални  работни  услови. Остатокот од 28 часа  се наменети  за оценување.  Теоретската  обука  ќе се реализира  во училница, а практичната  обука се одвива  преку вежби и задачи на терен или во простории наменети за реализација на обуката.

Резултати од програма

[:mk]  Кандидатот по успешното завршување на програмата е оспособен да: -применува основни законитости на електротехниката, термодинамиката и термотехниката; -опишува термални соларни системи, термални колектори за топла вода и воздушни колектори; -опишува фoтонапонски соларни системи, фотонапонски панели и хибридни колектори. -пушта во работа, тестира исправност на елементи и врши редовен сервис кај термални соларни системи; -пушта во работа, тестира исправност на елементи и врши редовен сервис кај фотонапонски системи. -изведува работи согласно процедури и технолошки постапки -применува ХТЗ заштита и заштита на околината.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]  Минимум завршено средно образование и возраст од најмалку 18 години[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 84 30
Пракса 168 86400
Оценување 60 28
Вкупен број на часови 10
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support