Опис на програма

Монтерите за грење, ладење и климатизација поставуваат, контролираат и одржуваат топлински елементи и уреди, уреди за ладење и уреди за климатизација.

Монтерите за греење ги разликуваат елементите од  инсталацијата за греење, ги монтираат и демонтираат нејзините елементи и вршат нејзино одржување, земајќи ја во предвид законската регулатива за ракување со котелска постројка и примена на заштитните средства.

Монтерите за ладење  и вентилација ги монтираат компонентите на соодветните системи и ракуваат со нив согласно законските одредби.

Главна цел на програмата е учесниците да се стекнат со знаења и вештини од областа на греењето, ладењето и климатизацијата.

Учесниците на оваа програма ќе се оспособат за самостојно монтирање и одржување на системите за греење, ладење и климатизација. Ќе научат да читаат техничка документација, да го организираат работното место, да користат заштитни средства и да применуваат соодветна законска регулатива. Ќе се оспособат да сечат, виткаат и спојуваат цевки од различни материјали применувајќи при тоа соодветни постапки на спојување, навој, лем или заварување, да монтираат елементи од котелска инсталација, елементи од системот за ладење и климатизација, да вршат нивно одржување и контрола при работата.

Програмата се реализира преку теоретска и практична настава при што акцентот е ставен на практичната обука.

Времетраење на програмата е 260 часа: 66 часа се посветени на теоретска настава, 157 часа се практична обука, а 37 часа се посветени на оценување.

Теоретската настава ќе се одвива во кабинет опремен со ЛЦД проектор, компјутери и паметна табла, а практичната настава ќе се реализира во работилница опремена со материјали, алат, уреди и машини кои се потребни за реализација на програмата (цевки, алат за лемење, машина за виткање, уреди за заварување).
Ќе се изведат голем број практични вежби осмислени за потребите на програмата.
Учесниците, цело време ќе работат практично.

Оценувањето и вреднувањето на постигнатиот успех на учесникот при неговото следење на програмата се спроведува преку проверка на знаење – усмено и писмено (на теоретскиотдел) и со практични вежби кои се реализираат во работилница во согласност со наставната содржина.

На крајот од обуката се спроведува завршен испит – кој истотака има теоретски и практичен дел и преку него се проверува комплетно

стекнатото знаење и вештина на кандидатот.

По завршувања на програмата и положениот завршен испит, учесниците се стекнуваат со сертификат „МОНТЕР ЗА ГРЕЕЊЕ, ЛАДЕЊЕ И КЛИМАТИЗАЦИЈА’’

Резултати од програма

[:en] [:al] [:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Завршено тригодишно средно стручно образование за занимања[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 66
No instructions found !
Пракса 157
No instructions found !
Оценување 37
No instructions found !
Вкупен број на часови 260
0 STUDENTS ENROLLED

    [:en]Детали за понудувач на услуги[:mk]Instructor Details[:al]Instructor Details[:]

    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support