Опис на програма

Програмата овозможува работно оспособување за Mонтер на водоводна и санитарна инсталација  и истата е со  тромесечно времетраење, односно 320 часа  и опфаќа  стручно теоретски содржини кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак, се изведува во браварско инсталатерска  работилница.

По успешното завршување на програмата  учесникот ќе  се оспособи да ја планира и ја организира работата, самостојно и во тим, да го подготвува работното место, алатот, и материјалот, рационално ги користи времето, материјалот и енергијата, да  обезбедува квалитетните услуги и извршените работи, да  поставува и ги поврзува внатрешните и надворешните водоводни, санитарни и технолошки водови, да ги монтира и ги приклучува енергетските уреди на системот од инсталации со различни видови цевки , да ги  одржува инсталациите, ќе  обезбедува потребни  материјали во зависност од процесот на работа и техничката документација, комуницира со соработниците и клиентите, и ги почитува деловните принципи, ќе  користи стручната литература и упатствата за квалитетно извршување на работата, ќе ги применува мерките за лична заштита и заштита на околината, ќе ги познава правата од работен однос и водење на сопствен бизнис.  По завршувањето на програмата полагаат завршен испит. Учесниците кои со успех ќе го положат завршниот испитот се стекнуваат со Сертификат

Резултати од програма

[:mk]Учесникот  по успешното завршување на програмата ќе се оспособи за  изведување на работи и работни задачи монтер на водоводна и санитарна инсталација ; ќе подготвува и изведува  инсталатерски  работи, ќе подготвува и  подесува основните материјали за монтажа, или одржување и сервисирање, ќе  го подготвува  потребниот основен и потрошен  материјал во  зависно од процесот  на работа, и барањата на техничката документација за инсталацијата, ќе ги подесува дадениот работен налог, ќе комуницира со соработниците и клиентите почитувајќи ги етичките норми, ќе води сметка за квалитетно извршување на работата, ќе ги применува мерките за лична заштита и заштита на околината, ќе ги познава правата од работен однос и основите за водење на сопствен бизнис.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Завршено најмалку основно образование и над 16 годишна возраст.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 60 20
Пракса 230 70
Оценување 30 10
Вкупен број на часови 320
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support