Опис на програма

Програмата за обука на монтер на гасоводна инсталација со енергетска ефикасност овозможува стекнување на професионални квалификации преку утврдени тематски целини, и вклучува теоретски и практични часови преку кои учесниците ќе се стекнат со знаења и вештини потребни за оспособување да работат како монтери на гасоводна инсталација со енергетска ефикасност.

 

Теоретскиот дел содржи тематски целини со кои учесниците се стекнуваат со потребните знаења предвидени во содржината на тематските целини, специфични за наведената област.

 

Со практичниот дел од програмата се подразбира реализирање на практично работење заради стекнување практични знаења и демонстрирање на стекнатото знаење на учесникот на обуката во пракса. Овој дел подразбира спроведување на монтажа во реални услови, при што кандидатот практично го покажува знаењето кое го стекнал од предвидената програма за монтер на гасоводна инсталација со енергетска ефикасност.

 

Наставната програма за монтер на гасоводна инсталација со енергетска ефикасност е наменета за лица кои сакаат или имаат потреба од стекнување на основни познавања, но и вештини заради полесно вклучување на пазарот на трудот, а истите моментално во Република Македонија претставуваат кадар со голема побарувачка.[:]

Резултати од програма

[:mk]Откако наведената програма ќе се спроведе, учесникот ќе биде способен да прави анализа, планира и организира работа, поставува и поврзува гасни уреди и технолошки водови, монтира и приклучува енергетски потрошувачи на систем од инсталации со цевки, одржува гасоводни инсталации и опрема, работи согласно принципите и стандардите за енергетска ефикасност на гасоводни инсталации;  води потребни белешки за работата; подготвува  профактури и да фактурира; работи согласно важечките стандарди и прописи;  контролира, прилагодува и одржува уреди, помагала и алати што се користат во својата работа; комуницира со соработници и со клиенти, согласно деловните принципи;  врши заштита на работата, здравјето и околината.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Завршено најмалку основно образование и над 16 годишна возраст[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 30 20
Пракса 110 73
Оценување 10 7
Вкупен број на часови 150
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support