Опис на програма

Главна цел на програмата е учесникот  да стекне знаења, вештини и компетенции за примена на основните техники при  инсталација на гасоводни системи, како и правилно користење на опремата и алатот при инсталација на истата.

Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат „Монтер на гасоводна инсталација“.

Времетраењето на програмата е 220 часа од кои 60 часа теоретска обука, 150 часа се практична обука во реални работни услови и 10 часа се наменети за оценувањето. Теоретскиот и практичниот дел  од програмата ќе се изведува неколку пати неделно, однапред договорено со учесниците  во програмата. Теоретската обука се одвива во специјализирани простории во компанијата под менторство на овластен инженер, а практичната обука во рамките на компанија. За време на практичната обука на учесниците ќе им биде доделен ментор, вработен во компанијата.

Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на теоретскиот дел преку проверка на знаење со цел споредба на знаењето пред и после теоретската обука, а по завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се проверуваат стекнатите вештини и компетенции. По успешно положен завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат „Монтер на гасоводна инсталација“.

Резултати од програма

[:mk]По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да:
  • ја планира и организира својата работа самостојно и во тим;
  • го подготвува работното место,уредите,алатот и материјалот;
  • рационално го користи времето,материјалот и енергијата;
  • обезбедува квалитетни услуги и извршени работи;
  • комуницира со соработниците и клиентите,со почитување на деловните принципи;
  • работата ја врши, така што не се згрозува себеси и околината;
  • ги развива претприемачките особини,вештини и знаења;
  • ги поставува и ги поврзува гасоводните водови,уредите на објектот и технолочките водови;
  • ги монтира и ги приклучува енергетските уреди на системот од инсталации и цевки;
  • ги одржува инсталациите на цевките и опремата;
  • ги користи стручната литература и упатсвата за квалитетно извршување на работата;
ги применува мерките за лична заштита и заштита на околината[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Минимум основно образование и наполнети 18 години.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 60 27
Пракса 150 68
Оценување 10 5
Вкупен број на часови 220
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support