Опис на програма

 

Програмата “Надградба на нокти” е насочена кон стручно оспособување на кандидатите од областа на козметиката.Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења и вештини и стручно да се оспособи за примена на основни техники  во надградба на ноктите и декорација на надградениот нокт.Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот.

Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи, кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката.

Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука и на завршниот испит. За проверка на знаењата и вештините ке се применуваат методите:  усно и писмено проверување, практична работа и портфолио од вежби.

Структурата на програмата за „Надградба на нокти” е составена од  стручно-теоретски дели практична обука.Проблематиката на програмата  е опфатена во 6 теми кои во описот со конкретни цели се претставени знаења  и вештини со кои кандидатот ќе се здобие во тек  на реализација на темите.

Времетраењето на програмата е 140 часа од кои 28 часа теорија, 98 часа практична обука и 14 часа оценување. Програмата ќе трае еден месец и  ќе се изведува секој ден во договор со учесниците на програмата.

учесникот кој  успешно ќе ја заврши обуката се  здобива со сертификат по верифицирана програма за „Надградба на нокти“.

Програмата нуди можност за напредување на повисоки нивоа-курсевиод областа на декоративниот маникир.

Резултати од програма

[:mk]По завршување на обуката кандидатот ќе биде оспособен да:
  • организира прием на клиентот во салонот
  • определува состојба на ноктите на рацете
  • избира маникир според состојба на нокт и желба на клиент
  • идентификува прибор, апарати и средства за маникир
  • подготвува работното место
  • изведува класичен маникир
  • надградува нокти со примена на гел, акрил и наливна техника
  • декорира надграден нокт со френч техника, цртање, апликации и др.
  • негува и поправа надграден нокт
  • применува постапка на отстранување на надградениот нокт
  • советува за домашна нега на надградениот нокт
  • применува норми на работна етика.
[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Основно ниво на образование: основно образование и возраст од најмалку 15 години. Пожелно ниво на образование: тригодишно или четиригодишно образование (од било која струка). Дополнителни барања за кандидатите, односно дополнителни услови не се бараат.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 28 20
Пракса 98 70
Оценување 14 10
Вкупен број на часови 140
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support