Опис на програма

Програмата го обработува користењето на програмот Microsoft Excel кој е дел од програмскиот пакет за канцелариско работење Microsoft Office. Во овој дел на програмата ќе бидат разработени понапредните  опции од програмата.

Програмата се реализира преку теоретска и практична настава при што акцентот е ставен на практичната обука. На крајот се оставени 2 часа за оценување (тестирање) на кадидатите.

Се изучуваат сите опции од програмот. Учесниците освен што ќе се здобијат со теоретски знаења од областа на напредните опции на програмот Microsoft Excel ќе научат практично да ги користат сите опции.

Времетраење на програмата е 16 часа: 7 часа се посветени на теоретска настава, 7 часа се практична обука, а 2 часа се посветени на оценување.

Целокупната обука ќе се одвива во училници опремени со компјутери на кои е инсталиран програмот Microsoft Excel. Ќе се работат голем број практични вежби смислени специјално за потребите на програмата.

На крајот од обуката се спроведува завршен испит – кој исто така има теоретски и практичен дел и преку него се проверува комплетно стекнатото знаење и вештина на кандидатот.

По завршувања на програмата и положениот завршен испит, учесниците се стекнуваат so уверение за завршен курс Microsoft Excel.

Резултати од програма

[:mk]По успешно завршување на програмата учесникот е оспособен да: - Изготвува најразлични документи во Microsoft Excel - Знае да зачувува, печати, обработува документи - Работи со голем број на посложени формули - Креира најразличити видови на графикони - Subtotal на податоци - Работа со pivot табели - Превземање на податоци од екстерни бази - Алатки за податоци – конвертирање текст во колони, отстранување на дупликати, валидација на податоци, консолидирање[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Завршено основно образование.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 7 48
Пракса 7 48
Оценување 2 12
Вкупен број на часови 16
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support