Опис на програма

Програмата Негувателка на деца e насочена и овозможува работно оспособување на негувателките за професионално работење во рамките на системот за згрижување и нега на деца. Основна цел на програмата е учесниците да се стекнат со поголеми стручни знаења, вештини и компетенции за извршување на задачи и активности во областа на згрижување и нега на деца. Програмата трае 4 месеци, односно 480 часа и опфаќа стручно теоретски содржини кои се реализираат во училница/кабинет и практична обука која се реализира во установи кои работат во системот на згрижување и нега на деца. Програмата е конципирана во согласност со развој на научни дисциплини од област на детска психологија и ран детски развој, како и во согласност со вештини, компетенции и знаења кои се бараат од профилот на занимање – Згрижувач на деца во домашни услови и детски градинка. Програмата е усогласена со Програмата за ран детски развој која што се применува во градинките во Република Македонија како и со слични програми коишто се реализираат во земји членки на Европска Унија.
Програмата опфаќа 6 задолжителни модули: 1) Ран детски развој и детска психологија; 2) Грижа и нега на новороденче; 3) Исхрана и здравје кај децата; 4) Заштита на здравјето и безбедност на деца; 5) Згрижување на деца во детски градинки и 6) Професионален развој и учење. Сите модули се дизајнирани како стручно-апликативни. Сите модули се задолжителни и успешно завршување на секој модул е задолжително за да учесникот се стекне со сертификат за завршена програма. Теоретски содржини на секој модул ќе се изведуваат во училница или кабинет. Практичната обука ќе се изведува преку вежби, активности и практична работа во установите кои работат во системот за згрижување и нега на деца – детски градинки, центри за ран детски развој и други установи за згрижување и нега на деца предвидени со Закон за заштита на деца. Практичната обука ќе се изведува во различни возрасни групи со цел учесниците да се стекнат со различни вештини и знаења согласно на раст и развој на децата како и поради зголемена ефикасност при реализација на планираните активности.

Резултати од програма

[:mk]Учесникот по успешното завршување на програмата: - го познава и самостојно извршува згрижување и нега на деца во домашни услови - домот на семејство и/или домот на негувателка (дадилка), - го познава и извршува згрижување и нега на деца во установи кои работат во системот за згрижување и нега на деца, - ја познава работата, ги планира и изведува работни задачи на негувателка на деца самостојно и во тим, - ги познава и применува активности за одржување на хигиена и задоволување на физиолошките потреби на децата, - ги изведува едукативни и воспитни активности согласно возраста и развој на детето/децата, - ги препознавање лесни заболувања и ги применува методи за заштита на здравје на детето, - ја познава и дава прва помош и заштита на здравјето на работа, - ја извршува подготовката на работно место и почитува мерки за безбедност на работно место, - ги познава и извршува административните работи, водење на досие на детето и други административни документи согласно Законот, - ги познава и применува основните принципи за отворање и управување на мал бизнис од оваа дејност.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Учесниците во програма треба да ги исполнат следните критериуми: - Завршено средно образование; - Да се полнолетни; - Да поседуваат лекарско уверение за психофизичка состојба; - да не се осудувани за кривични дела предвидени со Закон за заштита на деца; - Успешно да поминат воведно интервју и психолошки тест.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 20 20
Пракса 336 70
Оценување 48 10
Вкупен број на часови 480
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support