Опис на програма

 

Програмата овозможува работно оспособување за неговател/ка на стари и немоќни лица истата е со  тримесечно времетраење, односно 340 часа  и опфаќа  стручно теоретски содржини кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак, се изведува во домови за сместување    или дневен престој и грижа на стари и немоќни лица.

По успешното завршување на програмата  учесникот ќе  се оспособи да ја  планира, подготвува и ја организира сопствената работа  и под надзор на стручно лице (медицинска сестра, лекар,  социјален работник) во здравствени и социјални установи и во куќи на стари и немоќни лица, да пружа основна лична нега, да следи и воочува елементарни психофизички промени кај стари лица,, да мести кревет и менува постелина на покретни и непокретни стари лица, да облекува и слекува стари и немоќни лица, да изведува лична хигиена на телото; миење, капење во када, под туш  и во кревет, перење и нега на коса, средување на нокти, да применува и променува правилна и угодна  положба  во кревет, инвалдска количка, ги разбира потребите на старите и немоќни лица и за постапките за чување на нивното здравје, да одржува хигиена  и уредност на околината, да спречува инфекции да изведува дезинфекција и стерилизација, да познава права од работен однос.  По завршувањето на програмата учесникот полага завршен испит. По успешно завршување учесникот се стекнува со сертификат Неговател/ка на стари и немоќни лица.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Резултати од програма

[:mk]Учесникот  по успешното завршување на програмата ќе се оспособи да  изведува работи и работни задачи, ќе ја  планира, подготвува и организира сопствената работа  и под надзор на надлежно стручно лице (медицинска сестра, лекар,  социјален работник) во здравствени и социјални установи и во куќи на стари и немоќни лица, ќе пружа основна лична нега, ќе следи и воочува елементарни психофизички промени, ќе мести кревет и менува постелина на покретни и непокретни стари лица, ќе облекува и слекува стари и немоќни лица, ќе изведува лична хигиена на телото; миење, капење во када и во кревет, нега на коса, ќе применува и променува правилна и лагодна  положба  во кревет, инвалдска количка, ќе ги разбира потребите и постапките за чување на нивното здравје, ќе спречува инфекции, врши (дезинфекција и стерилизација, ќе ги познава правата од работен однос.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Завршено најмалку основно образование и над 16 годишна возраст. Психофизички здрав емоционално способен и стабилен, да има афинитет за оваа работа, да има осет за допир, температура, и наод од  брис за работа во установа за грижа на стари и немоќни лица[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 21 21
Пракса 70 70
Оценување 9 9
Вкупен број на часови 340
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support