Опис на програма

Програмата овозможува работно оспособување за  Негувател/ка на деца со пречки во развојот   и истата е со  тромесечно времетраење, односно 450 часа  и опфаќа  стручно теоретски содржини кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на вежбите и практичната обука која пак се реализра во семејства или институции во кои се згрижуваат деца со пречки во развојот, центри за дневен престој на деца со пречки во развојот,  заводи и слично.

Стручно теоретските содржини се темелат на современи научни сознанија од детските психосоцијални карактеристики, педагогијата и методиката за работа со децата со пречки во развојот. Практичната обука  се изведува преку активни вежби и практична работа во институции за згрижување на овие деца или семејства,  под менторство на негователки и воспитувачи со долгогодишно искуство во оваа дејност. Практичната обука се изведува во групи заради поголема ефикасност при реализација на планираните активности.

По завршувањето на секоја тематска целина се врши усна, писмена проверка и/или практични изведба на активности за проверка на постигнатоста на целите од програмата.

Учесниците кои со успех ќе ја завршат програмата полагаат завршен испит и  се стекнуваат со Сертификат Негувател/ка на деца со пречки во развојот

Резултати од програма

[:mk]По успешното завршување на програмата учесникот е оспособен да: -Го подготвува и организира работното место негователка на деца со пречки во развојот; -го познава местото и улогата на негувателката на деца со пречки во развојот (инклузија и интеграција); -познава психосоцијални карактеристики на децата со пречки во развојот; -препознава деца со различни попречености и нивни специфики; -дава нега, помага и мотивира во совладување на пречките; -дава прва помош на децата со пречки во развојот; -работи со деца во подобрување на квалитетот на животот и работата на дететето;[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Завршено најмалку средно образование, над 18 годишна возраст. Лекарско уверени за психофизичката способност и здравје[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 80 20
Пракса 330 70
Оценување 40 8
Вкупен број на часови 450
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support