Опис на програма

 

Програмата овозможува работно оспособување за  Негувателка на деца    и истата е со  тромесечно времетраење, односно 360 часа  и опфаќа  стручно теоретски содржини кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на вежбите и практичната обука. Стручно теоретските содржини се темелат на современи научни сознанија од детските психосоцијални карактеристики на детето и педагогијата за ран детски развој.

Практичната обука  се изведува преку вежби и практична работа во детски  градинки под менторство на негувателки и воспитувачи со долгогодишно искуство во оваа дејност. Практичната обука се изведува во групи заради поголема ефикасност при реализација на планираните активности.

По завршувањето на секоја тематска целина се врши усна, писмена и/или практична изведба на активности за проверка на постигнатоста на целите од програмата.

Учесниците кои со успех ќа ја завршат програмата полагаат завршен испит пред комисија. Учесниците кои  со успех ќе го положат завршниот испитот се стекнуваат со Сертификат „Негувателка на деца“  по  верифицирана програма од Јавната установа Центар за образование и Установа верифицирана од Министерството за образование и наука на РМ. Програмата дава можност за вертикална проодност од повисоко ниво.

Резултати од програма

[:mk]Учесникот  по успешното завршување на програмата: -ќе ја познава работата, планира и  изведува работи и работни задачи негувателка на деца самостојно и во тим -ќе ги познава и применува општите знаења  за психосоцијалните карактеристики   на детето и  предшколската и школската педагогија -ќе познава и применува  активности за одржување на хигиената, задоволување на физиолошките потреби на децата како и примарните и секундарните потреби, начинот на сензорски стимулации, играње и забавување во  група; -ќе ја  познава потреба и дава  основна прва помош и заштита на здравјето на работа, околината и заштита од елементарни непогоди и пожар и -да ги применува основните принципи за отварање и водење на мал бизнис. од оваа дејност[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Завршено најмалку средно образование, над 18 годишна возраст. Психофизички здрав емоционално способен и стабилен[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 72 20
Пракса 252 70
Оценување 36 10
Вкупен број на часови 360
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support