Опис на програма

Програмата Негувателка на деца e насочена и овозможува работно оспособување на негувателките за професионално работење во рамките на системот за згрижување и нега на деца. Основна цел на програмата е учесниците да се стекнат со стручни знаења, вештини и компетенции за извршување на задачи и активности во областа на згрижување и нега на деца.  Програмата трае 3 месеци, односно 396 часа и опфаќа стручно теоретски содржини и практична обука која се реализира во установи кои работат во системот на згрижување и нега на деца. Програмата е конципирана во согласност со развој на научни дисциплини од област на детска психологија и ран детски развој и учење, како и во согласност со вештини, компетенции и знаења кои се бараат од профилот на занимање – Згрижувач на деца. Програмата е усогласена со Програмата за ран детски развој која се применува во градинките во Република Северна Македонија како и со слични програми кои се реализираат во земји членки на Европската Унија.

 

Релевантност на пазарот на труд

Занимањето „Негувателка на деца“ е високо побарувано занимање на пазарот на труд според анкетите и анализа на движењата на работната сила. Ваква состојба се јавува како резултат на неколку фактори. Недостигот од висококвалитетни, достапни и финансиски прифатливи услуги за згрижување и нега на деца претставува пречка за постигнување рамнотежа во животот на вработените, особено помеѓу работните и семејните обврски. Воспоставување рамнотежа помеѓу деловниот и приватниот живот (work-life balance) е предизвик со кој се соочуваат како работодавачите така и вработените. Флуктуација на вработени, високи трошоци за обука и тренинг, платени и неплатени отсуства, потешкотии во задржување на вработени, претставуваат само дел од проблемите со кои се соочуваат работодавачите. Од друга страна, распоредот на работно време, потребата за дополнителна и континуирана едукација, роковите, прекувремената работа, и сл., дополнително им отежнуваат на вработените во однос на воспоставување на work-life balance. Посебен предизвик имаат младите семејства каде двајцата родители се вработени, а имаат дете/деца од предучилишна возраст или рана училишна возраст. Традиционално, жените се повеќе изложени на овој предизвик, но во последната деценија воспоставувањето на work-life balance станува сѐ потешко и за мажите. Родовиот јаз како во платите, така и во можностите за вработување нема само економска важност, туку претставува и одраз на пошироките социо-економски односи во рамките на нашето општество. Во вакви услови доаѓа до висока побарувачка за соодветни кадри – негувателки на деца и нивно вклучување во системот на згрижување и нега на деца. Професионална обука за негувателка на деца претставува еден од одговорите на овој предизвик.

 

 

Опис на програмата и модулите

Програмата опфаќа пет (со број:5) задолжителни и два (со број:2) изборни модули. Задолжителни модули се: 1) Ран детски развој и учење; 2) Улога на негувателка во детска градинка; 3) Здравје и безбедност на деца; 4) Професионален развој и учење и 5) Самовработување и бизнис. Изборни модули се: 6) Исхрана и хранење и 7) Грижа и нега на новороденче. Петте модули се задолжителни и успешно завршување на секој модул е задолжително за учесникот да има можност се стекне со сертификат за завршена програма. Изборните модули се наменети за негувателки на деца кои работат во домашни услови – физички лица кои вршат дејност згрижување и нега на деца во сопствен простор и дадилки кои вршат дејност згрижување и нега на деца во дом на семејство. Теоретските содржини на секој модул ќе се изведуваат во училница и преку е-учење. Практичната обука ќе се изведува преку вежби, активности и практична работа во установите кои работат во системот за згрижување и нега на деца – детски градинки, центри за ран детски развој и други установи за згрижување и нега на деца предвидени со Закон за заштита на деца. Практичната обука ќе се изведува во различни возрасни групи со цел учесниците да се стекнат со различни вештини и знаења согласно на раст и развој на децата како и поради зголемена ефикасност при реализација на планираните активности. Во текот на обработување на модулите и по завршување на секој модул ќе се врши тестирање на знаења и изведба на активности, со цел проверка на постигнатите резултатите од програмата, согледување на напредокот на учесниците во програмата и исполнување на условите за завршување на програмата. По завршување на програмата учесниците ќе се стекнат со сертификат „Негувателка на деца“ според верификувана програма од Јавната установа „Центар за образование на возрасни“ и верификувана установа од „Министерство за образование и наука“ на РСМ. Програмата дава можност за вертикална проодност од повисоко ниво.

Цели на учење

По завршувањето на обуката учесникот ќе биде оспособен да:

  • ја користи Методологијата и алатките применливи во ран детски развој и учење;
  • ги интегрира грижата за психичкиот, емоционалниот, интелектуалниот и социјалниот развој на детето во секојдневните активности;
  • ги организира и поврзува активностите кои го поттикнуваат развојот на детето;
  • ја планира, подготвува и организира работата, самостојно и во тим;
  • комуницира ефективно и ефикасно со родителите/ старателите и соработниците;
  • применува балансирана и здрава исхрана согласно возраста на детето;
  • познава и применува одржување на хигиена на децата;
  • ги познава и применува правилата и принципите за згрижување и нега на деца во детски градинки,
  • ги организира активностите за грижа, нега и воспитување на децата (игри, рекреација, забава);
  • ги познава и применува методите и принципите на прва помош и итни состојби кај децата;
  • ги применува правилата и принципите за заштита на работно место;
  • ги познава и извршува административните работи поврзани со работно место;
  • ја познава законската рамка за згрижување и нега на деца во Република Северна Македонија;

го организира и управува згрижување и нега на деца како физичко лице вршител на дејност.

Резултати од програма

[:en] [:al] [:]

Критериуми за влез во програмата

[:en] [:mk]Учесниците во програма треба да ги исполнат следните критериуми:
  • Завршено средно образование;
  • Да поседуваат лекарско уверение за психофизичка состојба;
  • Да не се осудувани за кривични дела предвидени со Закон за заштита на деца;
Успешно да го поминат воведното интервју и психолошкиот тест[:al] [:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 76
No instructions found !
Пракса 320
No instructions found !
Оценување
No instructions found !
No instructions found !
Вкупен број на часови 396
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support