Опис на програма

Главна цел Програмата развива знаења и вештини кои ќе му овозможат самостојно да се грижа за здравјето и безбедноста на дете до 14-годишна возраст организирана е во два дела теоретски и практичен дел кои ќе овозможат кандидатот да биде во состојба да :
• комуницира со децата, родителите и соработниците на соодветен начин,
• се грижи за емоционалниот, физичкиот , интелектуалниот и социјалниот развој на детето,
• се грижи за балансирана, разновидна и здрава исхрана на детето,
• грижи за одржување на хигиената и соодветно облекување на дете од 0 до 14 годишна возраст,
• организира игра, рекреација и забава за децата,
• безбедува успешно следење на училишните обврски и други активности според насоките од родителите на детето
• применува правила на заштита при работа, заштита од пожар и прва помош.
Постигнатите занења и вештини водат до стекнување на сертификат „ Негувател/ка на деца “.
Времетраењето на програмата е од три до шест месеци, односно 360 часа од кои 140 часа теоретска обука, 200 часа се практична обука во реални работни услови и 20 часа се наменети за оценувањето. Теоретскиот дел од програмата ќе се изведува во современо опремена училница.
Вреднувањето на постигањата на учесникот се спроведува по завршувањето на реализацијата на теоретскиот дел преку проверка на знаење, а по завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се дефинираат и стекнатите вештини и компетенции.
По завршувањето на програмата учесникот полага завршен испит и се стекнува со сертификат „Негувател/ка на деца“

Резултати од програма

[:mk]Учесникот по успешното завршување на програмата е оспособен да:  планира и изведува работни задачи на негувател/ка на деца самостојно и во тим  ги применува општите знаења за психосоцијалните карактеристики на детето  се грижи за емоционалниот, физичкиот , интелектуалниот и социјалниот развој на детето  применува активности за одржување на хигиената, облекување, играње и забавување во група;  помага во учењето и воспитувањето применувајќи ги соодветни методи според возраста на на деца во рана, предшколска и школска возраст  ја познава потреба и дава основна прва помош и заштита на здравјето на работа, околината и заштита од елементарни непогоди и пожар и  пишува извештаи, води секојдневна евиденција[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Минимум завршено средно образование и возраст од најмалку 15 години[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 30 30
Пракса 210 60
Оценување 35 10
Вкупен број на часови 360
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support