Опис на програма

Програмата овозможува работно оспособување за негувател/ка на стари и немоќни лица истата е со  тримесечно времетраење, односно 340 часа  и опфаќа  стручно теоретски содржини кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак, се изведува во домови за сместување   или дневен престој на стари и немоќни лица.

Учесникот во програмата ќе  се оспособи да ја  планира, подготвува и ја организира сопствената работа  и под надзор на стручно лице во социјални установи и во куќи на стари и немоќни лица, и истите ги изведува во согласност со етичките норми и методи за комуникација со стари и немоќни лица, да ги применува основните медицински знаења и вештини за базична нега, воочува и следи и елементарни психофизички промени, да користи медицински и ергономски принципи во дневните активности, да овозможува психолошка и социјална поддршка, да дава помош и нега во домашни услови и поддршка во секојдневните активности, да користи одредени методи и техники за спроведување на лична хигиена и исхрана, да применува техники за менување на постела и облека, манипулација при физиолошка потреба, применува постапки за  користење на садови при истата, да работи во тим, комуницира и е проактивен во пружањето на услугата, да одржува хигиена и уредност на околината, спречува инфекции се грижи за квалитетот на извршената работа, да се грижи за безбедноста и здравјето при работа и за заштита на околината. По успешно завршување учесникот полага завршен испит  и по успешното завршување се стекнува со сертификат Неговател/ка на стари и немоќни лица.по верифицирана програма.

Резултати од програма

[:mk]Учесникот  по успешното завршување на програмата ќе се оспособи да  изведува работи и работни задачи, ќе ја  планира, подготвува и организира сопствената работа  и под надзор на надлежно стручно лице во здравствени и социјални установи и во куќи на стари и немоќни лица, ќе пружа основна лична нега, ќе следи и воочува елементарни психофизички промени, ќе мести кревет и менува постелина на покретни и непокретни стари лица, ќе облекува и слекува стари и немоќни лица, ќе изведува лична хигиена на телото; миење, капење во када и во кревет, нега на коса, ќе применува и променува правилна и ергономска  положба  во кревет, инвалдска количка, ќе ги разбира потребите и постапките за квалитетот на чување на нивното здравје, ќе спречува инфекции, врши (дезинфекција и стерилизација, ќе ги познава правата од работен однос.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Завршено најмалку основно образование и над 16 годишна возраст. Психофизички здрав емоционално способен и стабилен, да има афинитет за оваа работа, да има осет за допир, температура, и наод од  брис за работа во установа за грижа на стари и немоќни лица[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 70 21
Пракса 240 70
Оценување 30 95
Вкупен број на часови 340
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support