Опис на програма

Програмата за обука за оваа одговорна и многу хумана работа е со  тримесечно времетраење, односно 200 часа и опфаќа  стручно теоретски содржини во времетраење од 64  часа кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак е со времетраење од 136 часа и се изведува домови и/или институции за сместување  на стари лица, специјализирани институции и/или во институции со организиран дневен престој.

Учесникот во програмата ќе  се оспособи да ја  планира, подготвува и организира сопствената работа  самостојно во домот на корисникот  и/или под надзор на стручно лице во институции/установи.

Задачите ќе ги изведува во согласност со етичките норми и методи за комуникација со возрасни лица, со примена на основните медицински знаења и вештини за базична нега.  Учесникот ќе научи да овозможува психолошка и социјална поддршка, да дава нега во домашни услови и поддршка во секојдневните активности, да користи одредени методи и техники за спроведување на лична хигиена и исхрана, да применува техники за менување на постелина и облека, како да манипулира при физиолошка потреба, како да применува постапки за  користење на уреди и опрема при истата, како треба да работи во тим, да комуницира и да е проактивен во обезбедувањето на услугата, како да одржува хигиена и уредност на околината, како да спречува инфекции, да се грижи за квалитетот на извршената работа, да се грижи за безбедноста и здравјето при работа и како да ја заштитува околината.

Резултати од програма

Критериуми за влез во програмата

[:mk]  Државјанство на Р. Македонија Наполнети 18 години Минимум основно образование[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 64
No instructions found !
Пракса 136
No instructions found !
Оценување
No instructions found !
No instructions found !
Вкупен број на часови 200
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support