Опис на програма

Главна цел на програмата е учесниците да се стекнат со знаења и вештини кои ќе им овозможат грижа за здравјето, безбедноста, хигиената и нега на деца со пречки во развој.

Обуката се состои од теоретски  и практичен дел.

На почеток ќе има теоретска настава, која ќе се одвива во просториите на нашиот образовен центар. На обуката ќе се користат современите сознанија од педагогија и психологија за обука на учесниците во програмата кои ќе работат со деца со пречки во развој.

Вториот дел од обуката (практичниот дел) ќе се реализира во Дневни центри кои згрижуваат деца и лица со разни видови на попречености.

Теоретските и практичните содржини ќе помогнат слушателите на обуката да се оспособат за: комуникација со децата со пречки во развој и со нивните родители/старатели;  ќе се стекнат со знаење како да се грижат за емоционалниот и социјалниот живот на децата; ќе знаат како да се грижат за нивната исхрана; ќе научат како да помагаат на децата во извршување на нивните секојдневни обврски;

Времетраење на програмата е 208 часа: 48 часа се посветени на теоретска настава, 160 часа се практична обука.

 

Оценувањето и вреднувањето на постигнатиот успех на учесникот при неговото следење на програмата се спроведува преку проверка на знаење.

На крајот од обуката се спроведува завршен испит – кој се состои од писмен (теоретски) и практичен дел и преку него се проверува комплетно стекнатото знаење и вештина на кандидатот.

По завршувања на програмата и положениот завршен испит, учесниците се стекнуваат со сертификат „НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ“.

Резултати од програма

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Завршено средно образование, лекарско уверение за докажување на психофизичка способност за да може да работи со деца и да нема забрана за вршење должност во дејноста, неосудуван.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 48
No instructions found !
Пракса 160
No instructions found !
Оценување
No instructions found !
No instructions found !
Вкупен број на часови 208
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support