Опис на програма

Главна цел на програмата НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА е учесниците да се стекнат со знаења, компетенции и вештини кои ќе им овозможат професионално и стручно да извршуваат работни задачи поврзани со давање на услуги во системот за згрижување и воспитание на деца до 10 годишна возраст.
Програмата ги следи критериумите кои се потребни за да успешно се исполни стандардот на занимање – згрижувач на деца од областа на здравство и социјална заштита и е во согласност со модерните практики, како и научните теоретски сознанија од областа на детската психологија, развојната психологија, предучилишната и училишната педагогија.

Програмата е со времетраење од вкупно 235 часа од кои 57 часа се предвидени за теоретска обука преку предавања на три тематски целини и практична настава во современо опремен кабинет/училница под менторство на искусни обучувачи која ќе се изведува неколку пати неделно по 3 часа во договор со учесниците. 160 часа се предвидени за практична обука која ќе се реализира преку вежби и активности во реални работни услови од Понеделник до Петок во установите кои работат во системот за згрижување и нега на деца под менторство на негователки и воспитувачи со искуство во оваа дејност. 18 часа се предвидени за оценување. Оценувањето ќе се одвива во три фази, првата фаза есоставена од писмени испити по завршување со предавањата од секоја главна тема од тематска области од наставата од теоретскиот дел од оваа програма, втората фаза е континуирано за време на практичниот дел, а третата фаза е завршниот испит кој следи по завршување со практичниот дел од програмата.

Учесниците во оваа програма кои со успех ќе го положат завршниот испит се стекнуваат со Сертификат „Негувател/ка на деца“.
Успешното завршување на оваа програма ќе ја зголеми конкурентноста на учесниците на пазарот на труд за работните места од областа на грижа и нега на деца.

Резултати од програма

[:mk]• Самостојно извршува подготовка и проверка на работниот простор, опрема и останатите материјали потребни за работа со деца почитувајќи мерки за безбедност на работно место • Применува општи знаења за психосоцијалните карактеристики на детето, детската развојна психологија како и предшколската и школската педагогија и според истите врши спроведување на соодветни активности за грижа и нега на дете • Организира, планира и спроведува едукативни, креативни, физички, културни и спортско-рекреативни активности и игри за подобрување на телесниот, социјалниот, културниот, емотивниот и интелектуалниот развој на детето • Познава и применува активности за задоволување на физиолошките потреби на децата, • Познава и применува безбедни практики на менување на пелени и бањање на новороденчиња и доенчиња • Развива и стимулира движечки и говорни способности кај детето • Применува различни форми и методи на работа за адаптација на детето во училиште или градинка • Применува форми на работа за постигнување на социјално прифатливо однесување и содзавање на здрави културни навики кај детето • Помага во реализација на навремена и точно исполнување на училишните обврски на детето при тоа стимулирајќи ја самостојноста во учењето • Подготвува здрави оброци и ужинки за урамнотежена и разновидна исхрана на детето • Применува активности за спроведување и одржување на целокупната лична хигиена на детето Применува активности за одржување на чист и уреден простор околу детето, играчките и материјалите за работа • Препознава промени во однос на здравствената состојба кај децата и ги известува родителите/старателите или претпоставените; • Го организира и планира времето на спиење и одмор на детето, како и времето на рекреација, игра и забава • Води евиденција за активностите извршени во текот на работното време во досие за детето и др. административни работи согласно законот и актите • Ги познава прописите на работно место и законските регулативи во законот за деца, законот за работни односи и законот за лични податоци • Применува правила и мерки за лична заштита и заштита на децата • Реализира работни задачи согласно принципи од кодексот на морално и етичко однесување • Препознава и обезбедува грижлив, топол и одмерен однос кон детето применувајќи толеранција и ненасилна комуникација • Применува добра комуникација со родителите и останатите вклучени во грижата и негата на детето која ја врши[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]• Наполнети 18 години • Копија од диплома за завршено минимум средно образование; • Лекарско уверение за добра психофизичка состојба; наод од брис и грло • Успешно поминато тестирање на емоционалната стабилност на личноста со примена на психолошки тестови со психометриски стандарди зададени од психолог • Успешно поминато воведно интервју за проценка на капацитетот и интересот за работа со деца • Потврда за неосудуваност (не изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност ) • Потврда дека кандидатот не е под истрага за кривични дела предвидени со Закон за заштита на деца[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 57 24
Пракса 160 68
Оценување 18 5
Вкупен број на часови 235
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support