Опис на програма

Програмата за обука за оваа одговорна и многу хумана работа е со тримесечно времетраење, односно 250 часа т.е. 10 кредити, и опфаќа стручно теоретски содржини во времетраење од 75 часа кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак е со времетраење од 150 часа и се изведува во становите на лица со попреченост, домови и/или институции за сместување на лица со попреченост, специјализирани институции и/или во институции со организиран дневен престој.
По завршувањето на секоја тематска целина се врши усна, писмена и/или практична изведба на активности за проверка на постигнатоста на целите од програмата. Учесниците кои со успех ќе ја завршат програмата полагаат завршен испит.
Учесникот кој со успех ќе го положи завршниот испит се стекнува со сертификат „Негувател/ка на лица со попречености” и ќе се оспособи да ја планира, подготвува и организира сопствената работа самостојно во домот на корисникот и/или под надзор на стручно лице во институции/установи. Задачите ќе ги изведува во согласност со етичките норми и методи за комуникација со лица со попреченост, со примена на основните медицински знаења и вештини за базична нега. Учесникот ќе научи да овозможува психолошка и социјална поддршка, да дава помош и нега во домашни услови и поддршка во секојдневните активности, да користи одредени методи и техники за спроведување на лична хигиена и исхрана, да применува техники за менување на постелина и облека, како да манипулира при физиолошка потреба, како да применува постапки за користење на уреди и опрема при истата, како треба да работи во тим, да комуницира и да е проактивен во обезбедувањето на услугата како да одржува хигиена и уредност на околината, како да спречува инфекции, да се грижи за квалитетот на извршената работа, да се грижи за безбедноста и здравјето при работа и како да ја заштитува околината.

Резултати од програма

[:mk]Учесникот по успешното завршување на програмата е оспособен да: • Организира работа и работно место • Направи подготвки за работа во домашни услови и во институцијата / здравствена организација • Запознае со корисникот на услугата • Дава поддршка на процесот хранење • Помага при облекување • Помага при одржувањето на лична хигиената • Следи виталните знаци на клиент • Препознава промени во менталното здравје на клиент • Информира за промени на витални знаци и за менталното здравје на клиентот • Користи специјализирана опрема • Комуницира со клиентите, нивните семејства и со членовите на тимот во согласност со организациската поставеност и професионална етика • Одржува безбедна и здрава работна средина • Администрира обработени медицински подтоци на клиентот[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Наполнети 18 години • Копија од диплома за завршено минимум средно образование; • Лекарско уверение за добра психофизичка состојба; наод од брис и грло[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 75 30
Пракса 150 60
Оценување 25 10
Вкупен број на часови 250
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support