Опис на програма

Резултати од програма

По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да:
  1. Планира, подготвува и организира работа, самостојно, во тим и под надзор на надлежно стручно лице во здравствени и социјални установи и во домашни услови, каде престојуват стари и немоќни лица;
  2. Применува основни знаења за услугата помош и нега во домашни услови и поддршка во секојдневните активности на стари и немоќни лица;
  3. Извршува работи и работни задачи во согласност со етичките норми и методи за комуникација со стари и немоќни лица;
  4. Применува основни медицински знаења и стекнати вештини за базична нега на стари и немоќни лица;
  5. Воочува и следи елементарни психо-физички промени;
  6. Користи медицински и ергономски принципи во дневните активности;
  7. Спроведува постапки за превенција на декубитус кај неподвижни стари лица
  • Овозможува психолошка и социјална поддршка на стари и немоќни лица
  1. Користи одредени методи и техники за спроведување на лична хигиена и природна исхрана на стари и немоќни лица;
  2. Подготвува материјал и применува техники за местење и менување на постела и облека на стари и немоќни лица
  3. Применува правила за безбедно подигнување, пренесување и спуштање на старо и немоќно лице;
  4. Изведува манипулација при физиолошка потреба на неподвижни стари лица и применува постапки за правилено користење на садови при истата
  5. Применува вештини за работа во тим, комуникација и проактивен пристап во пружањето на услугата;
Одржува хигиена и уредност на околината, спречува инфекции (врши дезинфекција и стерилизација)

Критериуми за влез во програмата

  1. Наполнети 18 години
  2. Копија од диплома за завршено минимум три годишно средно образование
  3. Лекарско уверение за психофизичка способност

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 39 23
Пракса 120 70
Оценување 12 7
Вкупен број на часови 171
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support