Опис на програма

Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за давање на услуги од социјален аспект во институции или домашни услови на лица кои поради возраст, хронични болести и др. причини се во состојба на изнемоштеност и неможност да се грижат за себе.
Програмата развива знаења и вештини за давање на помош и нега во домашни услови организирана е во четири модули кои го овозможуваат кандидатот да биде во состојба да:

• Организира работа и работно место
• Помага во извршување на дневните активности
• Применува медицински принципи во дневните активности
• Спроведува правната заштита, психолошка и социјална помош

Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат „ Негувател/ка на стари и немоќни лица“.
Времетраењето на програмата е 300 часа од кои 120 часа теоретска обука, 150 часа се практична обука во реални работни услови и 30 часа се наменети за оценувањето. Теоретскиот дел од програмата ќе се изведува во современо опремена училница. Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на теоретскиот дел преку проверка на знаење со цел споредба на знаењето пред и после теоретската обука, а по завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се дефинираат стекнатите вештини и компетенции. По успешно положен завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат „Негувател/ка на стари и немоќни лица“.

Резултати од програма

[:mk]• Ја организира работата и работното место превземајќи активности според насоките на стручни лица и потребите на старото и немоќно лице • Помага во извршување на дневните активности според потребите, барањата и навиките на старото и немоќно лице • Примени мерки на заштита за себе и старото и немоќно лице во согласност со важечките препораки и прописи за безбедност и заштита на околината • Применува медицински принципи во дневните активности со цел заздравување и одржување на стабилна здравствена состојба на старото и немоќно лице • Спроведува правната заштита, психолошка и социјална помош според законските регулативи и потребите на старото и немоќно лице • Пишува дневни извештаи за работата со лицето и неговата здравствена состојба[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Минимум основно образование и возраст од најмалку 18 години.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 120 40
Пракса 150 50
Оценување 30 10
Вкупен број на часови 300

Course Reviews

N.A

ratings
  • 5 stars0
  • 4 stars0
  • 3 stars0
  • 2 stars0
  • 1 stars0

No Reviews found for this course.

Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support