Опис на програма

Главна цел на програмата е кандидатот да стекне знаења, вештини и компетенции за давање на основни здравствени и социјални услуги во домашни услови на лица кои поради возраст, хронични болести и др. причини, се во состојба на изнемоштеност и неможност да се грижат за себе како и предлагање на мерки за одржливост на домовите. Услугите се од различна природа и форма и ја заменуваат институционалната грижа и другите форми на организирана грижа.

 

Програмата е составена од 5 области/ модули кои треба да обезбедат знаења и вештини кај кандидатот кој ќе ја следи оваа програма и по нејзиното завршување ќе биде оспособен да ги извршува следните работи:

  1. Помага во одржување на домот;
  2. Помага на старите лица во секојдневните активности;
  3. Применува основни здравствени и ергономски правила и процедури;
  4. Овозможува психолошка и социјална поддршка на старите лица и применува правна заштита.
  5. Предлага мерки за одржливост во домовите

Реализацијата на програмата се одвива преку теоретски и практичен дел. Стручно-теоретските содржини ќе се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак, се изведува во домови за сместување, дневен престој на стари лица или нега во домашни услови.

Времетраењето на програмата е 300 часа од кои 90 часа часа се теорија, 180 часа припаѓаат на практична обука и 30 часа се наменети за оценување.

 

Периодот на реализација на Програма „Негувател/ка на  стари лица“ е 4 месеци.

По успешно завршување на програмата кандидатот  се стекнува со сертификат „Негувател/ка на стари лица“.

Резултати од програма

[:mk]
-       Кандидатот треба да : -       Подготвува работно место -       Набавува и приготвува храна -       Мести кревет и одржува  постелнината и облеката                                  
-       Пишува извештаи за извршената работа -       Помага  при одржување на лична хигиена -       Подготвува оброци и помага при хранење -       Помага при облекување -       Помага при транспорт и престој надвор од домот -       Идентификува  основни симптоми  на болести  карактеристични кај стари  лица -       Поседува основни познавања за инфекции и изведува правилно дезинфекција -       Превзема активности при постоење на болест кај стари лица по налог од стручно    лице(лекар, медицинска сестра) -       Помага при набавка и примање  на редовна терапија на лицата -       Помога во прилагодување на положбата на лицето во ергономска смисла -       Користи заштитни средства и опрема -       Применува прописи од системот на социјалната заштита на старите лица; -       Воочува промени во средината и однесувањето на старото лице во насока на избегнување на ризиците од злоупотреба и заболување; -       Поттикнува оддржување на интелектуални , когнитивните и моторни активности со цел да се поттикне самостојност кај старите лица -       Комуницира правилно и работи тимски -       Опишува работи и работни задачи  и значење на неговател/ка на стари лица -       Применува кодексот на однесување и облекување -       Применува основните правила на куќниот ред  и организацијата на работа  на здравствените  и социјалните установи; -       Планира и организира сопствена работа; -       Применува законската регулатива при вршење на својата работа; -       Организира активности според потребите и барањата на на стари лица  во согласност со упатствата и задачите дадени од претпоставените (лекар, медицинска сестра) -       Планира спроведување на активности поттикнувајќи ги стари лица на активно учество -       Извршува проверка на состојбата на домаќинството, покуќнината, уредите и опремата за припомош на старите и немоќни лица -       Разбира основни  состојки на храната потребни за составување и планирање на листа за набавка на намирници -       Набавува храна според претходно составена листа според здравствената состојба на лицето и препораките од стручни лица -       Подготвува планирани оброци прилагодени на здравствената состојба, потребите, вкусовите и навиките на старото или немоќно лице
-       Опишува работи и работни задачи  и значење на неговател/ка на стари лица -       Применува кодексот на однесување и облекување -       Применува основните правила на куќниот ред  и организацијата на работа  на здравствените  и социјалните установи; -       Планира и организира сопствена работа; -       Применува законската регулатива при вршење на својата работа; -       Организира активности според потребите и барањата на на стари лица  во согласност со упатствата и задачите дадени од претпоставените (лекар, медицинска сестра) -       Планира спроведување на активности поттикнувајќи ги стари лица на активно учество -       Извршува проверка на состојбата на домаќинството, покуќнината, уредите и опремата за припомош на старите и немоќни лица -       Разбира основни  состојки на храната потребни за составување и планирање на листа за набавка на намирници -       Набавува храна според претходно составена листа според здравствената состојба на лицето и препораките од стручни лица -       Подготвува планирани оброци прилагодени на здравствената состојба, потребите, вкусовите и навиките на старото или немоќно лице -       Применува правила при одржување хигиена на домот, чистење, дезинфекција, собирање и отстранување на отпад , медицински отпад и контрола на штетници според упатствата за примена и заштита на околината -       Применува методи и техники за местење на кревет и  менување на постелнина -       Врши планирање и набавка на средства за хигиена, чистење и дезинфекција според потребите на лицето и инструкциите од стручните лица -       Пополнува дневни извештаи за работата со лицето и неговата здравствена состојба според барањата на стручните лица -       Набројува, познава  и подготвува потребен материјал за лична хигиена -       Познава и применува методи и техники за спроведување на лична хигиена кај болен -       Применува соодветни активности според стандардите и правилата за лична хигиена и безбедност за потребите на старото лице -       Користи методи  и техники за избор и подготовка на здрава исхрана на стари лица -       Се придржува на упатствата дадени од  лекар -       Применува техники за давање помош при хранење на старои лица -        Користи техники за облекување на стари лица  во зависност од состојбата во која се наоѓаат(неподвижни и подвижни) -       Почитува интимност на старото лице -       Идентификува  состојба, барања и потреби на старо лице
-       Следи препораките дадени од лекар; -       Познава и применува постапки на правилен транспорт ; -       Помага во извршување на активноста при излегување и престој надвор од домот; -       Гради пријателски однос и взаемно почитување со  старто  лице -       Разликува основни симптоми и знаци на болести по системи, карактеристични за стари лица -       Препознава основни симптоми на промена во општата здравствена  состојба и превзема  активности за спречување со помош на стручни лица -       Објаснува инфекции и применува потребните услови за  спречување на појава и настанување на инфекции; -       Поседува основни познавања  за интрахоспитални инфекции и применува мерки за спречување  и учествува  под  надзор на  стручно лице во нивно спречување -       Објаснува поимот антисепси и асепси; -       Објаснува поимот дезинфекција, стерилизација и изолации; -       Изведува дезинфекции  и стерилизации водејки сметка за квалитетот на активностите; -       Применува методи на дезинфекција на кревет, ормар, останатите површини во околина на старите лица; ноќниот сад за физолошки потреби (гуската -       Информира стручни лица за симтомите, состојбите и промените кај старите  лица -       Користи медицински помагала и апарати за мерење на крвен притисок, пулс  и температура придржувајќи се на основните медицински правила за нивна употреба -       Набавува лекови според упатствата на лекар -       Применува ергономски техники во реализирање на соодветните активности во согласност со здравствената состојба на стари лица -       Познава опрема за припомош на стари  лица -       Поттикнува одржување и подобрување на мобилноста на стари лица -       Применува различни техники при помош во  одење на стари лица -       Применува принципи и пстапки за дезинфекција -       Познава и спроведува постапки пропишани за самозаштита и заштита; -       Познава  установи за социјална заштита на стари лица и услуги кои ги нудат; -       Познава закон за социјална заштита во Република Македонија посебно делот за старите лица -       Идентификува  форми на злоупотреба и социјална заштита на семејството и остварувањето на правата на постарите лица -       Дава информации според потребите на старите лица, ги упатува во соодветна служба, установа -       Познава човекови права, анти-дискриминација, родова еднаквост и хендикеп
-       Објаснива основни принципи на старост и стареење -       Идентификува и ја прифаќа возраста  кај постари лица -       Препознава  основни симптоми и знаци на неуролошки  болести кај старите лица -       Идентификува потреби кај лицата со смалена можност за грижа за себе -       Развива емпатија и емоционална подршка -       Идентификува  стрес, траума и кризна состојба -       Спроведува  психосоцијална помош и поддршка: -       превзема активности на вклучување на старото лице во општествениот живот; -       поттикнува автономност на старото лице; -       Превзема социјални, морални и етички активности -       Препознава: - пречки во комуникација и изнаоѓа можности за  нивно надминување; - конфликт како пречка во комуникација; -       Прилагодува комуникација на различни старосни групи -       Превенира, се справува и разрешува конфликт; -       Разбира карактеристики и елементи на процес при комуникација  со стари лица, членови на  семејство; членови на медицинскиот тим -       Препознава функционален тим -       Препознава потрошувачи во домовите -       Проценува потрошувачка на енергија и вода -       Проценува управување со отпадот во домовите и процес на еколошко одлагање на отпадни материи -       Предлага мерки за одржливост во домовите
[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Завршено најмалку основно образование и над 16 годишна возраст, психофизички здрав, емоционално способен и стабилен, да има афинитет за оваа работа.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 90 30
Пракса 180 60
Оценување 30 10
Вкупен број на часови 300
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support