Опис на програма

Програмата “Обука за наставници за идентификација, инклузија и справување со ученици со емоционални проблеми” е насочена кон стручно оспособување на наставниците за препознавање, идентификување и справување со ученици кои покажуваат емоционални проблеми во однесувањето.
По успешно завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да: применува вештини во комуникација со учениците кои покажуваат проблеми во однесувањето, да комуницираа со нивните родители и стручните служби во училиштето, да соработуваат во тим. Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците практична примена на стекнатите комуникациски вештини и знаења со учениците, со што ќе го олеснат процесот на наставата и за самите ученици кои покажуваат вакво однесување и за останатите ученици во одделението, а исто така со тоа се намалува ризикот од понатамошно девијантно однесување.
Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи и техники специфични од областа на советување и комуникација, кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана и искуствена активност во текот на целокупното траење на обуката.
Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно, писмено, практична изведба и на завршниот испит.
Структурата на оваа програмата за “наставникот” е следна: стручно-теоретски дел, практична обука во група, проверка на постигањата на кандидатите, самоевалуација.
Наставата ќе се одвива во специјализирана предавална со потребната опрема според Норматив за простор, опрема и наставни средства.
Стручно- теоретски дел од обуката: наставен кадар со завршени студии по психологија, специјалистичка постдипломска обука од областа на психотерапија со лиценца акредитирана од евроски тренинг инситут.
Практичен дел од обуката: наставен кадар со завршени студии по психологија, специјалистичка постдипломска обука од областа на психотерапија со лиценцаод Комората на психолози на РН како и акредитиран сертигфикат од акредитирана од евроски тренинг инситут.
Кандидатот кој успешно ќе ја заврши обуката се здобива со сертификат.
Времетраењето на програмата е 100 наставни часа.
Програмата нуди можност за напредување на повисоки нивоа-напредно ниво.
Учесникот ќе се стекне со знаења, вештини и ќе биде оспособен да: применува вештини во комуникација со учениците кои покажуваат проблеми во однесувањето, да комуницираа со нивните родители и стручните служби во училиштето, да соработуваат во тим. Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците практична примена на стекнатите комуникациски вештини и знаења со учениците, со што ќе го олеснат процесот на наставата и за самите ученици кои покажуваат вакво однесување и за останатите ученици во одделението, а исто така со тоа се намалува ризикот од понатамошно девијантно однесување.

Резултати од програма

По завршување на програмата учесникот ќе биде способен: Да препознава ученици кои имаат емоционални проблеми Да идентификува ученици со несоодветно однесување, како резултат на емоционалните проблеми Да се справува со ученици со емоционални проблеми Да применува соодветни комуникациски стилови за специфично емоционално однесување Да соработува и комуницира со родителите Да ги врши инклузија на децатасо емоционални проблеми во одделението

Критериуми за влез во програмата

Учесници во програмата можат да бидат лица кои Имаат соодветно образование за наставник со завршен IV степен педагошки факултет или студенти на педагошки факултет.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 30 30
Пракса 60 60
Оценување 10 10
Вкупен број на часови 100
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support