Опис на програма

Програмата “Обука за психолози за користење психдијагностички средства” е наменета за примена на психодијагностички тестови, техники и задачи, наменета е за дипломирани психолози, студенти по психологија кои се во завршна години од студирањето, психолози кои се вработени и  сакаат да го усовршат своето знаење во областа на клиничката психологија и психодијагностиката, психолози кои сакаат да работат психотерапија, а кои имале малку пракса или воопшто немале пракса од клиничка психологија и психодијагностика, како и за користење на други мерни инструменти во институцијата во која работат според категорија на возраст на лица.
По успешно завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да: применуваат и користат мерни инструменти за проценка на личноста во соодветни институции во кои работат.
Стекнатите вештини ќе им помогнат да стекнат сигурност во работата, да ги зголемат своите професионални компетенции умееат да се изложат на пазарот на трудот.
Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи и техники специфични од областа на советување и комуникација, кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана и искуствена активност во текот на целокупното траење на обуката.
Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно, писмено, практична изведба и на завршниот испит.
Структурата на оваа програмата е следна: стручно-теоретски дел, практична обука во група, проверка на постигањата на кандидатите, евалуација.
Наставата ќе се одвива во специјализирана предавална со потребната опрема според Норматив за простор, опрема и наставни средства.
Стручно- теоретски дел од обуката: наставен кадар со завршени студии по психологија, специјалистичка посдипломска обука од областа на психотерапија, сертификат од м-р по клиничка психологија.
Практичен дел од обуката: наставен кадар со завршени студии по психологија, специјалистичка постдипломска обука од областа на психотерапија со лиценца од Комората на психолози на РМ како и сертификат од обука на м-р по клиничка психологија.
Кандидатот кој успешно ќе ја заврши обуката се стекнува со сертификат за психодијагностика.
Времетраењето на програмата е 200 наставни часа.

Резултати од програма

[:mk]По завршување на програмата учесникот ќе биде способен : Да применува и користи психолошки мерни инструменти за проценка на личноста Да применува мерни инструменти за интелектуалните способности на личноста Да интерпретира резултати и да дава заклучок Да прави студија на случај со наод и мислење[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Учесниците да се студенти по психологија во четврта година или дипломирани психолози.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 50 25
Пракса 120 60
Оценување 30 15
Вкупен број на часови 200
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support