Опис на програма

Програмата Ревит Техничар е насочена кон стручно оспособување на кандидатите од областа на техниката и ги опфаќа сите дисциплини кои учествуваат во процесот на високоградба, како што се архитектура, градежништво, електротехника, термотехника, хидротехника и уште многу други дисциплини.

Целта на програмата е преку теоретска и практична работа да ги обучи кандидатите за да можат активно да се вклучат во изработка на проектите во БИМ технологијата. Стекнатите вештини ќе им овозможат на кандидатите поголема конкурентност и полесно вработување на полето на БИМ технологијата која има исклучителна перспектива и услови на зголемена побарувачка на вакви кадри.

Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, практична изведба и на меѓународни испити.

Кандидатот кој успешно ќе ја заврши обуката и ги положи предвидените испити, ќе се стекне со сертификат за владеење на компјутерски вештини во Autodesk Revit –  Autodesk Certified User

 

  1. Autodesk Revit 2018 – Основи за архитектура во 40 часа
  2. Autodesk Revit 2018 – Основи за градежништво во 40 часа
  3. Autodesk Revit 2018 – Основи за термотехника, електротехника и хидротехника во 40 часа
  4. Autodesk Revit 2018 – Основи за пејсажна архитектура во 40 часа

Секој модул е составен од десетина поглавја системски структурирани во теоретска настава и практични вежби на даден проект, со што кандидатите ќе започнат со практично да го користат Ревит програмот уште од првиот час.

мата е предвидено да трае 2-3 месеци, односно ќе се испорачаат 160 школски часа.

Програмата нуди можност за напредување на повисоки нивоа-курсеви за вклучување на пазарот на труд и вработување во фирма или хонорарно.

Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи, кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката. Секоја наставна единица е поткрепена со специјално изработени вежби согласно официјалната програма на Autodesk и официјална литература во најновите верзии на Autodesk Revit Architecture Fundamentals, Autodesk Revit Structure Fundamentals, Autodesk Revit MEP Fundamentals, Autodesk Revit Landscape Architecture Fundamentals.

Наставата ќе се одвива во специјализирана компјутерска предавална со потребната опрема, а секој посетител работи самостојно на компјутер со потребните Autodesk софтвери за дизајнирање.

Обуката ја изведуваат сертифицирани инструктори на професионално ниво во владеење на Autodesk софтверите за дизајнирање.

Резултати од програма

[:mk]По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да: - изработува Ревит (БИМ) модели за специфична техничка дисциплина. - работи под раководство на професионален проектант и БИМ менаџер. - соработува и координира со проектанти од различни технички дисциплини. - менаџира променина проектот во тек на неговото проектирање. - придржува до планот за изаботка на проектот во БИМ технологијата (Ревит платформата) и запазување на критериумите и БИМ стандардите. - изработува компаниски стандарди, шаблони и модели. - подготовува и печати техничка документација. - Се стекнува со високо ниво на техничка писменост и разбирање на БИМ технологијата преку Ревит апликацијата. По завршувањето на секој модул кандидатите ќе се стекнат со официјален сетификат за учество издаден од Autodesk како компанија која е производител на Ревит апликацијата[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Учесници во програмата можат да бидат лица кои: - имаат завршено најмалку средно образование и - имаат барем основни познавања од работа со компјутер.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 10 6
Пракса 150 88
Оценување 10 6
Вкупен број на часови 170
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support