Опис на програма

Обуката за специјалист за веб дизајн е насочена кон стручно оспособување на кандидатите за совладување вештини од областа на веб дизајнот насочен кон корисникот.

Главна цел на програмата е да го оспособи учесникот активно да ги користи новите принципи на дизајнирање насочени кон корисникот, техниките за веб оптимизација и аналитика, како и софтверите за веб дизајн и анимација во функција на понатамошно образование и вклучување на пазарот на труд.

По успешно завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да: креира визуелен приказ на целосно прилагодлива веб страна, изработува прототип и истиот да го автоматизира и тестира, изработува основни веб анимации, анимира објекти и ефекти, изработува реална анимација и анимира карактер, користи специјални ефекти на анимации, звучни и визуелни ефекти, изработува стратегија и истражува за клучни зборови, врши оптимизација на содржина (текст, наслови, внатрешни и надворешни линкови), дизајнира Landing Pаges и креира кампањи со Google Ads, врши мерење и следење на кампањи со Google Analytics и поврзување со Google Ads, организира и архивира документи за потребите на работното место, комуницира, соработува во тим, учи доживотно и се усовршува.

Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот, како и нивно осамостојување при извршување на секојдневните задачи на работа и/или обезбедување на самовработување.

Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, практична изведба и на меѓународни испити.

Кандидатот кој успешно ќе ја заврши обуката, ги изработи проектните задачи за Дизајн на прототипна веб страна и Веб оптимизација и веб аналитика, како и го положи предвидениот испит за Adobe Animate CC, ќе се стекне со сертификат за Специјалист за веб дизајн.

Сертификат за Adobe Animate CC се стекнува со положување на испитот:

  1. Adobe Certified Associate in Multiplatform Animations Using Adobe Animate CC, меѓународен сертификатот кој е одлична оценка за владеење со апликацијата и ги потврдува вештините во креирање на анимирани, интерактивни и богати мултимедијални содржини за Интернет.

Програмата за „Специјалист за веб дизајн“ е сочинета од 3 целини:

  • Дизајн на прототипна веб страна UX/UI Design & Adobe XD CC во 30 часа
  • Веб анимација Adobe Animate CC во 30 часа
  • Веб оптимизација и аналитика во 36 часа

конкретно за подесување параметри на програмите, организирање на документи и користење на алатки и опции за работа на проекти во секој програм соодветно.

Времетраењето на програмата е 90 наставни часа.

Програмата нуди можност за напредување на повисоки нивоа-курсеви за видео продукција и анимација, вклучување на пазарот на труд и вработување во фирма или хонорарно.

Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи, кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката. Секоја наставна единица е поткрепена со специјално изработени вежби согласно официјалната програма на Adobe и официјална литература во најноваите верзии на Adobe XD CC и Adobe Animate CC – Classroom in a book, The official training workbook from Adobe.

Наставата ќе се одвива во специјализирана компјутерска предавална со потребната опрема, а секој посетител работи самостојно на компјутер со потребните Adobe софтвери за дизајнирање.

Обуката ја изведуваат сертифицирани инструктори на експертско ниво во владеење на Adobe софтверите за дизајнирање.

Резултати од програма

[:mk]По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да: - организира активности за подготовка на работното место, - препознава корисничко искуство во процес на дизајнирање, - креира стратегија на производ базирана на корисничко искуство, - креира кориснички профили и сценарија, - креира корисничка мапа за конкретизирање на дизајнот, - поставува структура на производ (веб страна, апликација и сл.), - користи софтвер за корисничко искуство - XD, ефективно и креативно, - креира прототипен дизајн за производ (веб страна, апликација и сл.) - користи софтвер за веб анимација – Animate, ефективно и креативно, - подесува параметри и организира документи во Animate, - изработува основна веб анимација, - генерира напредни движења, - изработува реална анимација и анимира карактер, - работи со звук и видео, - публикување анимација, - изработува стратегија и истражува за клучни зборови, - врши оптимизација на содржина (текст, наслови, внатрешни и надворешни линкови), - дизајнира Landing Pаges и креира кампањи со Google Ads, - врши основни прилагодувања, преглед на интерфејс и општите функционалности, - врши мерење и следење на кампањи со Google Analytics и поврзување со Google Ads.[:]

Критериуми за влез во програмата

[:mk]Возрасни слушатели со претходни знаења од MS Windows, MS Office и Internet.[:]

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 20 19
Пракса 76 72
Оценување 10 9
Вкупен број на часови 106
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support